Дрогата и шверцот им пресудија на тројца функционери на власта

Не престануваат скандалите со  високи функционери  на Социјалдемократскиот сојуз.  Последниот е со директорот на скопското јавно претпријатие „Улици и патишта“, Сенад Смаиловиќ – Сенко, кој во саботата беше фатен со кокаин во Струга. Сега веќе екс директорот на „Улици и патишта“ бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава велат од МВР.

Скопскиот градоначалник експресно го разреши и веќе постави нов Бобан Црничиќ .

Сенко не е првиот функционер на СДСМ. Пред една година беше објавена снимка од  независниот пратеник, инаку близок до СДСМ, Павле Богоевски,  како купува кокаин. Богоевски се бранеше тогаш, но практично призна дека  купува дрога, по што си поднесе оставка од функцијата пратеник.

Листата на скандал – функционери ја „збогатува“ поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев. Јавноста експресно му смисли прекар Боро Марлборо заради шверц со цигари. Беше осуден на 6 месеци затворска казна  но одлежа само 5.

Пред три години Сеад – Сетко Рахиќ, братот на актуелниот директор на затворот во Шутка Есад Рахиќ,  беше осомничен за трговија со дрога, како организатор на криминална група која продавала кокаин во Скопје и  други градови низ Македонија. При претресот покрај дрогата беше пронајден и широк арсенал на оружје. Рахиќ  често можеше да се забележи сликан со Зоран Заев, а според  дел од медиумите, ослободувањето од затворските канџи се фалел дека ќе му го овозможи токму лидерот на СДСМ.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста