Доаѓањето на иселениците за празниците можен ризик да ни го донесат новиот сој на корона вирусот

Исселиниците,кои се најбројни во полошкиот регион и кои токму најмногу придонесоа за крајно лошата состојба со коронавирусот која го погоди тетовскиот регион изминатото лето,сега повторно се можен ризик за донесување на новиот сој-омикрон.Иако во многу поголем број доаѓаат летните месеци, сепак,бројни печалбари се враќаат во родните краишта и за зимските празници. Токму тоа движење ни направи проблем летото,а новиот сој ни тропа на врата од сите страни, алармираат лекарите.

Поради тоа движење на луѓето од другите земји, поради тоа што имаше и прослави, не се внимаваше многу, немавме доволен број вакцинирани и толку брзо ни се прошири што имавме атуелен пик.. лекарите мораа да се справуваа со полни болници,семејствата се справуваа со сериозни болести, со сериозни клинички слики, некои ги изгубија и своите најблиски – изјави Д-р Светлана Трифуновска- Матичен лекар.

Освен што се бара сертификат за вакцина или негативен пср тест при влез во земјава, други мерки нема,како на пример што воведоа бројни држави.Лекарите велат, никако не смее да се заборави тоа што се случи летото.Треба сериозно да размислуваме и дејствуваме.

Да размислуваме што можеме да направиме.Целиот свет купува време, така и ние мора,гледате се ограничуваат летови, се ставаат во карантини пациентите..тоа се тие превентивни мерки , со кои може да се купи време, да се спречи,да се одлжи појавата на оваа нова мутација што е многу контагиозна – изјави Д-р Светлана Трифуновска- Матичен лекар.

Дозволата за правење свадби и други свечености и неефикасните мерки скапо го чинеа Тетово,кое изминатово лето помина низ најтешкиот период од почетокот на пандемијата.Болницата беше полна,дневно се лекуваа и над 120 пациенти со ковид, сите со потешка клиничка слика. Голем беше бројот и на смртни случаи.Лекарите  тогаш повеќе пати бараа воведување на построги мерки, па дури и карантин,за да се смири динамиката на ширење на вирусот.Но, надлежните упорно тврдеа дека се било под контрола.Здравствените работници и сега за претстојните зимски празници бараат сериозност од надлежните,но, засега нема најави за дополнителни мерки.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста