Хаос во југозападна Македонија – Охрид, Струга, Ресен и Дебар немаат струја

Градовите Охрид, Ресен, Струга и Дебар речиси цел ден се без електрична енергија, поради дефект во високонапонската мрежа на преносникот „МЕПСО“, потврдија за Алфа од компанијата. Граѓани на овие градови од југозападниот дел на земјава, кои се грејат на струја, се пожалија дека смрзнувале поради нечија негрижа.

Дополнителни главоболки им создаде и снегот кој од синоќа почна да паѓа во Струга и струшко, и предизвика проблеми во снабдувањето со струја. Стружани на социјалните мрежи објавуваат фотографии од бандери кои и не паднале, а каблите кои висат претставуваат сериозна опасност за граѓаните. Тие апелираат надлежните веднаш да излезат на терен и да ги санираат состојбите.

Колапсот на електро мрежата предизвика потешкотии и во мобилната телефонија и интернетот.

Од „ЕВН“ за Алфа велат дека проблемот не бил до нивната дистрибутивна мрежа, туку прекин имало кај државната „МЕПСО“. Од таму пак велат дека во дефект се 110 киловолтните далекуводи на „МЕПСО“, „Вруток-Шпиље“ и „Битола-Ресен“. Екипите на државниот преносен систем оператор „МЕПСО“ се на терен за санирање на дефектите при отежнати временски услови.

Причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија во југозападниот дел на државата е големото количество снег, што предизвика и прекин на повеќе патни правци. Граѓани реагираат дека патот од Гостивар према Маврово биле целосно затрупани, патот бил непрооден, и капак на се било немањето струја, остро реагираат граѓаните зашто институциите спијат, а патиштата се блокирани.

На планината јабланица има отсечени семејства поради големите нанноси на снег.

Инаку, Владата веќе го задолжи „ЕСМ“ да обезбеди 100% од потребното количество струја за 2022, со што би се минимизирал или избегнал увозот на струја, со што се очекува да се намали притисокот врз цената на струјата. Во случај кога се бара поголемо количество јаглен за „РЕК“ и мазут за стартување на ТЕЦ „Неготино“, цената на струјата на берзите стигнува и до рекордни 340 евра за MWH. Па така неизбежно е поскапување на сметките за струја веќе од следниот месец. За колку ќе се зголеми за сега не се знае. Неофицијално сметките би пораснале за над 10%.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста