Царовска откако застана на чело на МОН со своите „реформи“ создава хаос во образованието?!

Од самиот почеток на мандатот, министерката за образование Мила Царовска турка промени во образовниот систем, повеќето без консензус и консултација со стручната јавност. Скоро цела година бран на незадоволство го заплиснуваше образованието. Министерката немаше слух за барањата на матураните, не ги земаше предвид ниту бурните реакции за скандалозното спојување на предметите, а законските измени и понатаму сака во Собранието да поминат со европско знаменце.

Во руралните средини се уште има руинирани училишта, некаде без вода и струја, ама со полски  тоалети – наставници и професори алармираат прво да се создадат нормални услови за учениците, но од МОН најмногу се фокусираа на моделите за учење, дигитализација, менување наставни содржини.

За нацрт концепцијата со која се предвидуваше спојување на предметите историја и географија во општествени науки, биологија и хемија во природни науки, бурно реагираа професори, наставници, родители. Алармираше дури и претседателството на највисоката академска институција во земјава, МАНУ, но попусто.Додека реформите се покренаа во период кога спорот со Бугарија околу прашањата поврзани со историјата и барањата од бугарска страна за интервенции во дел од учебниците, Министерката пак постојано се правдаше дека се одржуваат средби со стручни лица околу оваа проблематика. Спротивно на ова, од Независниот синдикат за образование, неколкупати алармираа дека ниту еднаш не биле повикани на расправа за овие теми.

Недостасува конструктивен дијалог, ние како Независен синдикат, и покрај тоа што се должни да бидат во контакт со нас, ние сме официјално регистрирана организација, постоиме три години, синдикатите се оние кои што се лицето на работниците, но не само синдикатите, тука се и здруженијата на наставници, стручни соработници кои што во целост беа изигнорирани – вели Томислав Гиевски, наставник и претседател на НСОН.

Како растеше ентузијазмот на МОН, за промени во образовниот систем, така растеше и фронтот против концепциите. Реагираа и професори по музичко и ликовно образование, дека е неприфатливо да се спојат тие два предмета. Царовска не ги прифати нивните забелешки.

Како најново што ја бранува јавноста  е спорната дигитализација на учебниците. Учениците дури и ја бојкотираа наставата во знак на револт, а наставниците, барем до сега, не успеаа да ја разубедат министерката. 

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста