Сончево време, температурата до 29 степени

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен југоисточен ветер.

Попладне во планинските подрачја на северозапад ќе има услови за ретка појава на дожд и грмежи, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 5 до 11 степени, а дневната од 24 до 29 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала облачност. Утринската температура ќе достигне до 10 степени, а дневната до 28 степени.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста