Бројот на случаи заразени со Омикрон драстично се зголеми во САД

Секој ден најмалку 118 илјади лица се заразуваат со ковид-19 во САД што е за 45 проценти повеќе од минатиот месец. Оваа бројка се очекува да се дуплира во наредните недели со новата варијанта омикрон која забрзано се шири во САД.

Новиот тип на коронавирус омикрон кој владее низ светот може да донесе уште еден бран на хаос, заканувајќи се дополнително да ги растегне болничките работници кои веќе се борат со напливот на случаи на делта варијантата.

Белата куќа во средата инсистираше на тоа дека нема потреба од дополнителни рестрективни мерки бидејќи вакцините се широко достапни и се чини дека нудат заштита од најлошите последици од вирусот. Но, дури и ако омикрон во целина се покаже поблаг од делта варијантата, може да ги стави на ризик ослабените и постарите лица со имунитет, бидејќи новиот бран брзо се шири низ Соединетите американски држави.

Д-р Џејкоб Лемие, кој ги следи варијантите за истражувачка соработка предводена од Медицинскиот факултет Харвард, вели дека ситуацијата е алармантна и дека болниците веќе забрзано се полнат, додека персоналот е уморен.

Врз основа на примероците собрани минатата недела, Центрите за контрола и превенција на болести соопштија дека омикронот сочинува околу 3 отсто од генетски секвенцираните коронавируси на национално ниво. Процентите варираат во зависност од регионот, со највисоки – 13 проценти – во Њујорк и Њу Џерси.

На глобално ниво, повеќе од 75 земји пријавиле потврдени случаи на омикрон. Во САД, 36 држави ја пријавиле досега оваа варијанта. Во меѓувреме, делта варијантата се зголемува на многу места, со жаришта во Нова Англија и горниот дел од Среден Запад. Петте сојузни држави со највисок двонеделен просечен просек на случаи на 100 илјади луѓе се Њу Хемпшир, Род Ајленд, Мичиген, Минесота и Вермонт.

Универзитетите ги затвораат училниците, додека и НБА и НХЛ мораа да ги одложат натпреварите поради десетици заразени играчи.

Од Европската унија рекоа дека омикрон ќе стане доминантна варијанта за еден месец и изјавиja дека „уште еднаш, овој Божиќ ќе биде засенет од пандемијата“.

Научниците ширум светот се обидуваат да ја разберат варијантата омикрон, која има голем број загрижувачки мутации во неговата генетска структура кои би можеле да влијаат на тоа како се шири од човек на човек. Каков може да биде товарот на болеста ќе се знае за неколку недели.

Пикот во Соединетите американски држави се очекува да кулминира после празниците на почетокот од следната година.

За Алфа телевизија од Гласот на Америка, Јаванчо Наумоски во Вашингтон.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста