Оставката на Заев во среда на седница – Шеќеринска и Филипче нема да се дел од новата влада

Оставката на премиерот Зоран Заев во среда ќе биде депонирана до Парламентот. Повлекувањето ќе се случи веднаш по годишното обраќање на шефот на државата, што Заев ќе го избегне и последното соочување со пратениците бидејќи повлекувањето ќе се случи ден пред седницата резервирана за пратенички прашања последна за оваа година.

Оставката на Заев ќе значи и оставка на целата влада. Веќе е јасно дека во составот на новиот мандатар Димитар Ковачевски нема да се најдат најблиските соработници на Заев.

Дека на функцијата нема остане, денеска потврди и министерката за одбрана Радмила Шеќеринска која во пресрет на оставката на оваа влада вели дека нема да биде во новиот состав од принципиелни причини затоа што не се согласува со политиките на СДСМ.

-Единствената принципиелна и чесна одлика би била да кажам дека нема да учествувам во следната влада. Сметам дека во изминатиот период можевме да продуцираме резултати како влада, јас како министерка за одбрана, само заради тоа што покажавме принципиелност, чесност и одговорност и многу работа. И тогаш вреди, и тогаш има резултати. Ако не сме принципиелни, тогаш мислам дека тие резултати нема да дојдат“, рече Шеќеринска.

И Филипче нема да биде дел од новата влада предводена од Ковачевски. Неговиот мандат завршувал со повлекувањето на Заев од премиерската позиција.

Алфа од свои извори дознава дека покрај Филипче и Шеќеринска од Илинденска заминуваат и Љупчо Николовски, Мила Царовска и првиот полицаец Оливер Спасовски.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста