Штипјани ќе пијат вода од „ХС Злетовица“, се чека анализата од нејзиниот квалитет

Анализа од Институтот за јавно здравје за исправноста на водата од ХС Злетовица е единствената причина поради која Штип не може да се снабдува со вода за пиење од ситемот. Градоначалникот Иван Јорданов алармира за итна сеопфатна анализа со која ќе се потврди безбедноста на водата , по што истата ќе може да се внесе во системот на градот..

  „На мое огромно жалење мора да кажам Инститот за јавно здравје се уште нема направено потребно испитување и тоа е практично одоговлекување на временската рамка зошто ова вода не е дистрибуирана до домакинствата. Станувва збор за вода којашто се користи во Пробиштип и Свети Николе„-изјави Иван Јордаов, градоначалник на Штип.

И додека Штип мака мачи со дозволи од Инститот, Општина Карбинци чека на изградба на цефководите кои треба да бидат готови наредната недела. Најлошо е во Лозово. Претходната власт не доставила целосна документација за приклучување на системот, па проектот тапка во место. Поради тоа граѓаните се приморани да користат бунарска вода, која после секој дожд е неупотреблива. 

 „Се појавуваат голем број на нитрати, зголемено количество на бактерии и водата во Лозово хемиски и бактериолошки стануваа нечиста„-изјави Бошко Цветков, градоначалник на Лозово.

Приклучување на нови корисници практично значи и намалување на цената на водата, објаснува првиот човек на хидросистемот Миле Илиевски кој најави дека има тенденција во намалување на цената на водата. До 2023 година се планира да чини 4,60денари плус 5%ДДВ.

Зошто го имаме трендот на опаѓање? Тоа ќе се случува бидејќи во 2022 се очекува приклучување на ЈП„Исар„-Штип, голем потрошувач. Тоа значи дека нашите приходи се зголемуваат, а тоа значи дека системот ќе има повеќе пари„-изјави Миле Илиевски, директор на ХС Злетовица.

Втоа општина која се приклучи на Злетовица е Свети Николе . Практично таа е и општината со најголем долг. Претходното раководство девет месеци не плаќале фактури, со што направиле долг од 16,6милиони денари.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста