ВМРО-ДПМНЕ на протестен марш во Штип

Стотици жени од целата држава денес во Штип го кренаа својот глас барајќи поголеми права.  Со  протестен марш под слоганот „Посоилни од предсрасудите„ во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, побараа отфрлање на родовите стеротпи, поголема рамноправност и подобра законска регулатива за заштитта од семејото насилство.. Жените кои денес рамо до рамо маршираа по штипските улици велат дека и во 21 век жената се уште е угнетувана..

Денешниот марш го поддржа и преседателот на ВМРО-Дпмне, Христијан Мицкоски, а  пред жените од целата држава се обратија и преседателката на Унијата и потпреседателката на партијата кои порачаа дека жената е носечки столб и мора да се избориме за нејзиното вистинско  место во општеството

„Јас секогаш верувам во силата на жената, во отпорот што знаеме да го покажеме кон овој општествен систем кои експлоатира , обесправува, кој не потиснува и маргинализира , кој одговара со насилство и замолчување. Но секој наш глас против секој истраен женски отпор и прксос ќе не доведе се поблиску до вистината. Ние сме посилни од прерасудите„-рече Жаклина Пешевска, претседателл на Унијата на жени на Вмро-Дпмне.

„Дискриминацијата по пол влијае на статусот на една жена во општеството  како на микро, така и на макро ниво. Па во образованието, а потоа се пренесува на полето на нејзиниот работен ангажман , нејзината плата, нејзиниот статус. Ние мора јасно да кажеме дека на сите нас не ни требаат квоти  кои ги исполнуваат некакви старистики. Нам ни треба коренита промен на општетвото во кое личноста ќе се вреднува по својте квалитети – рече Гордана Димитриеска Кочоска-потпреседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Според статистичките податоци на Еуростат, во земјата жените се економски понеактивни, односно околу45% од работоспособните жени не се вработени. Повеќе од половина од овие жени не бараат работа заради семејни обврски. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста