Илјадници револтирани граѓани, судири со полицијата, приведени демонстранти – единствен излез од политичката криза е владата да си даде оставка?!

Илјадници револтирани граѓани 12 дена протестираат на улиците, хаос, незадоволство, судири со полицијата, приведени и повредени демонстранти, повредени полицајци, нарушување на меѓуетничките односи, нарушување на слободата на говор, страв од нови понижувања – без разлика на исходот од случувањата поврзани со францускиот предлог, владата го загуби легитимитетот, алармираат експетите. Македонија од ден на ден влегува во се поголема политичка криза, а единствено решение е Владата да си даде оставка.

Единствен начин да се смират тензиите е Владата да си даде оставка и да се организираат парламентарни избори, и врз база на перцепцијата, решение според граѓаните, следната власт која и да е, ќе може да ја донесе таа одлука без притоа да предизвикува вакви политички тензиивели политичкиот аналитичар Владимир Божиновски.  

Моменталната криза на политичката сцена е незапаметена последните 30 години, а според Божиновски таа почнала да се продлабочува уште минатата година по поразот на власта на локалните избори, но и намалувањето на легитимитетот на Владата.

Тоа беше јасно уште минатата есен, по поразот на локалните избори, преку купување на пратеници власта успеа да се одржи а нема легитимитет. Од тогаш се направи обид да се протурка одлука која што е во целосна спротивност со јавното мислење, експертското мислење, невладиното мислење. Владата нема легитимитет за носење таква одлука. Во ваква ситуација, пред да се потпише ова што го планираат, да се орг избори и да видиме грааѓаните дали го подржваат ова, за што власта ја убедува јавноста дека овој предлог е добар, само така може да добие легитимитет овој предло, ова ја надминува најлошата политичка криза изминативе триесет години – вели Божиновски.


Со прифаќањето на францускиот предлог Македонија засекогаш си ги затвора портите кон евроинтеграциите, предупредува Божиновски, бидејќи тие се условени со менување на Уставот за што се потребни гласови на две третини од пратениците, а според него, ниту овој ниту некој друг нареден пратенички состав не би поддржал внесување на Бугарите во Уставот.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста