Свирежи за власта,транспаренти за фон дер Лајен – ВМРО ДПМНЕ го искина францускиот предлог

Вувузелите на опозицијата беа посилни од говорот на премиерот. Со испишани пароли да се каже не за бугаризација на македонскиот јазик и во тензична атмосфера , пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не дозволија да се слушнат пораките и убедивањата на власта за францускиот предлог. Ковачевски пак со како што рече чиста совест ги повика сите пратениците да го прифатат предлогот кој ги нуди сите гаранции за јазикот и идентитетот и историјата.

Опозицијата му порача на Ковачевски дека ти се предавниците на Македонија, но нема да дозволат асимилација и бугаризација на македонскиот народ. Премиерот пак видно нервозен веднаш ја напушти собраниската сала.

ВМРО ДПМНЕ бараше колегите од мнозинството да ја преиспитаат одлуката за прифаќање на предлогот и од коворницата го искинаа францускиот предлог.

А на целиот хаос претходеше говорот на шефицата на европската комисија Урсула фон дер лајен која во последен обид од дипломатската офанзива убедуваше дека јазикот, идентитетот и историјата ни биле заштитени со францускиот предлог. Ни порача дека дека сега е време за конечната одлука која ја носиме сами.

Носењето заклучоци за францускиот предлог се случува без власта да го објави клучниот билатерален протокол во кој се вметнати сите заклучоци меѓу Скопје и Софија, но и записниците на историската комисија.    

Ивана Соколовиќ Најдова       

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста