Србија и Унгарија ги поврзаа цевководите за продолжување на Турски тек

Линискиот дел од гасоводот Балкански тек, кој претставува продолжување на Турскиот тек, кој се простира од Турција до Унгарија е завршен. Првите испораки на рускиот гас во Унгарија и други европски земји преку Турција, Бугарија и Србија се очекуваaт од 1-ви октомври.

„ Капацитетот на гасот, кој на излезот од Црното Море изнесува 15,75 милијарди кубни метрти, ќе може да се користи практично низ цела Централна Европа.Со тоа се стави крајот на многугодишната голема работа, со која нашата земја конечно го реши прашањето за снабдување со гас од друг правец, не само преку Украина. Повеќе никој во Србија нема да мрзне, а цената на гасот за домаќинствата нема да се менува оваа есен“ – изјави Бајатовиќ пренесе Радиот-телевизја Србија (РТС).

Од друга страна, претседателот на управниот одбор на унгрската компанија оператор со системите за транспорт на гас, Ференц Саболч, поврзувањето на двата цевководда го нарече „златна“ и исткана дека тоа значи скоро завршување на проектот и почетокот на испораките на гас.

„Ова значи дека го гледаме крајот на овој проект и дека снабдувањето со гас наскоро ќе започне“, изјавил Саболч.

На почетокот од јуни унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто објави дека Будимпешта ќе започне со набавка на гас преку рутата којашто минува преку територијата на Србија до крајот на годината. Претходно годинава унгарската влада и рускиот енергетски гигант „Газпром“ постигнаа прелиминарен договор за испорака на гас во период од 15 години, кој ќе може да стапи на сила на-ви октомври, по завршувањето на претходниот. Ланскиот јуни Унгарија договори со „Газпром“ од октомви 2020 до октомври 2021 година испорака на 4,2 милијарди кубни метри гас.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста