Опасниот делта сој на ковид19 се пробива и во Македонија, детектиран е нов случај кај пацинет во Велес

Индискиот сој се шири во Македонија. 43 годишен велешанец е четвртиот потврдeн случај на опасниот делта сој во земјата.Тој се вратил од Англија пред три недели. А веќе цела недела е хоспитализиран на Инфективното одделение во велешката болница и е со лесна клиничка слика. Уште четворица пациенти се хоспитализирани во приватна болница и се чекаат резултати дали ја имаат индиската мутација, потврди министерот Филипче. Ниту еден од заразените не бил вакциниран.

И покрај тоа што многу земји ги враќаат рестрикциите, а кај нас бројот на новозарезени расте делта сојот засега не е закана за Македонија, тврдат здравствените власти. Во последните 24 часа евидентирани се 16 новозаразени, починати нема. За евентуални нови мерки за патниците кои доаѓаат од земјите каде индискиот сој е раширен, Филипче рече дека Комисијата за заразни болести до крајот на неделава ќе заземе став по тоа прашање.

Она што плаши дополнително е превидувањата на Европскиот центар за превенција и контрола на болести, каде што се наведува дека до септември 90 проценти од сите инфекции во ЕУ ќе бидат со Делта-сојот, бидејќи во текот на летото ќе се шири меѓу младата невакцинирана популација.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста