АРГЕНТИНА И КОЛУМБИЈА СЕ ПЛАСИРАА ВО ВТОРОТО ПОЛУФИНАЛЕ НА КОПА АМЕРИКА

Аргентина и Колумбија ќе играа во второто полуфинале на Копа Америка. Во ноќешните четвртфинални дуели на јужно американскиот фудбалски шампионат Аргентина со голови на Де Пол, Лаутаро и Меси го победи Еквадор со 3-0, а Колумбијците беа подобри од Уругвај со 4-2, но по изведување удари од 11 метри откако по 90 и 120 минути беше 0-0. Овој меч е закажан за вторник, а во понеделник е натпреварот на Бразил и Перу. Финалето на собирот е закажано за 10 јули.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста