150 производи добиваат „ добра цена“ во Тинекс

150 производи добиваат „ добра цена“ во Тинекс

Тинекс ги намалува цените на производите на 150 производи. Компанијата воведува „ добра цена “ и за категории на производи кои не се замрзнати од страна на Владата . Како што велат од маркетите, се одлучиле на ваков чекор како би помогнале во ублажување на ценовниот шок .

Свесни за економската состојба на нашите граѓани, предизвикана од покачувањата на цените на
производите и услугите, Тинекс како општествено одговорна компанија, компанија која секогаш имала слух за проблемите и потребите на потрошувачите, и овој пат е спремна да излезе во пресрет на ублажување на ценовниот шок со кој се соочуваме сите. Активно и доследно ги почитуваме сите мерки предложени од Владата, но со цел да дадеме дополнителен допринос во справување на инфлацијата, и да им помогнеме на нашите потрошувачи, подготвуваме намалувања на повеќе од 150 производи, велат од Тинекс

Производите кои ќе поевтинат, ќе ја имаат ознаката „ добра цена “ . Како што велат од Тинекс, ќе бидат намалени производи од речиси сите категории .
– Стоиме на тоа дека ознаките со Тинекс ДОБРА цена ќе ги има сè повеќе и повеќе, додаваат од Тинекс.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста