Судската администрација на протест

Судската администрација на протест

По утринската блокада на главниот град, министерот за правда ги прими синдикатите на правосудната администрација. Претставувани од УПОЗ, на средбата со Кренер Лога, тие побараа повисоки примања.

  • „Од негова страна имаше иницијатива за решение, дека во текот на утрешниот ден ќе се достави до владата на Република Македонија службена информација од страна на министерството за правда, каде што ќе се побара на следната седница да се стави точка на дневен ред, на која што ќе се разговара за нашите барања“ – изјави Трпе Деановски од УПОЗ, по средбата со Лога.

Вработените во судовите и обвинителствата денес преку два посебни протестни марша целосно го парализираа Скопје и правосудниот систем.

Синдикатот на судската администрација и судската полиција, од кривичен суд и министерството за финаинсии, па се до собранието, порачаа оти нивните институции постојано го полнеле буџетот, а владата не ги почитува законите и не им ги одобрува парите кои им следуваат.

  • „Го повикавме министерот за финансии и нашиот ресорен министер да излезат, но не наидовме на слух оф нивна страна, да ги слушнат нашите барања – покачување на платите од 78% од минималната плата на судската служба и да ни се вратат додатоците до 35%. Тие додатоци нас ни се загарантирани со закон, односно во законот за судски буџет, член 4, предвидено е дека за функционирање на судската власт, се утврдува износ од најмалку 0,8% од БДП.“ – Порача претседателката на самостојниот синдикат на судската администрација, Јасмина Величкова.

Со слични барања како нивните колеги од судовите, вработените во обвинителствата пак, незадоволството и револтот кон власта го изразија преку протестен марш од зградата на ССМ, преку Влада, се до министерството за правда.

  • „Судиите сами не можат да ја завршат работата, ќе бидеме повторно на улица ако немаат слух за нашите, вашите плати, тоа што го направија со намалувањето на додатоците, тоа што немаат обзир за нас, за нашите семејства, за достоинствен живот“ – Порача претседателот на ССМ, Слободан Трендафиловски.

Засега се чека на епилогот од владата, односно, дали нивните барања ќе се најдат на утрешната владина седница и дали надлежните ќе наидат разбирање, што, доколку не се случи, во Македонија се очекува целосна парализа на правосудниот систем.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )