Лога го брани законот за амнестија – фунционери нема да бидат опфатени, но не кажа дали осудените во „Монструм“ ќе бидат слободни

Лога го брани законот за амнестија – фунционери нема да бидат опфатени, но не кажа дали осудените во „Монструм“ ќе бидат слободни

Затворениците ќе мора да го почекаат министерот Кренар Лога да се врати од службено патување, за да излезат на слобода. Лога инсистира тој им образложи на пратениците зошто треба повеќе од 1300 затвореници да бидат амнестирани, па предлог законското решение по скратена постапка без европско знаменце ќе влезе во собраниска процедура за 10-тина дена.

„Законот од 2018 година се повторува, така што ќе биде истиот закон, но кривичните дела за сексуални злосторства и семејни злосторства нема да бидат простени, нема да биде простено ниту едно кривично дело поврзано со корупција од страна на избрани и именувани лица во институциите“, рече Лога.

Уште не влезен во собраниска процедура, опозицијата јасно нагласи дека поддршка за законските измени нема да даде, а ќе поднесат и амандмани. Откако медиумите објавија дека со вакво законско решение за амнестија и двајца осуденици за 5-кратното убиство кај Смилковското езеро ќе излезат на слобода, пратеничката група на СДСМ најави амандман со кој ќе се регулираат спорните делови. И покрај ова Лога не го напушта оптимизмот дека пратениците ќе да дадат зелено светло за амнестијата, а да ги увери ќе им покажел слики од условите во Идризово.

„Ако се блокира, ќе испратам до сите пратеници албум со условите во затворот Идризово и по едно огледало за да се видат себеси пред огледалото, јавноста и своето семејство. Не можеме да дозволиме луѓето осудени за небрежност да се вратат дома како криминалци“, додава Лога.

Хаки Азири и Фејзи Азири, за случајот „Монструм“ се осудени на 9 односно 15 години затвор за „Помагање на сторител по извршено кривично дело“ кое е предвидено со амнестијата.
Предлог законот целосно ќе ослободи 286, а делумно 996 затвореници. Во овие бројки не се впишани и тие што чекаат да се ослободи затворски кревет за да ја издржат пресудената казна – затвор а такви се 2813 лица. Дел од нив, што сториле полесни кривични дела и се осудени до шест месеци, нема ни да влезат во келија, а останатите ќе добијат намалување на казната од 30 отсто.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )