Хаос во Собранието : Маричиќ и испратил бакнеж на пратеничката Стојаноска, вицепремиерот негира

Хаос во Собранието : Маричиќ и испратил бакнеж на пратеничката Стојаноска, вицепремиерот негира

Бакнеж од далечина ги разгоре страстите во Собранието . Додека пратеничката Дафина Стојаноска имаше процедурално обраќање на седницата за пратенички прашања , забележала дека вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, недолично се однесувал испракајќи и бакнежи и навредливи гестикулации , по што атмосферата во собрание се вжешти и дојде до караница помеѓу пратениците од ВМРО – ДПМНЕ и министрите од  Владата .

„Како не вие срам, ужас сте. Нека ве сликаат како праќате бакнежи. Лигав еден. Вака може да се однесувате само дома, бакнежи и намигнување само дома вицепремиеру“, кажа Стојановска од говорницата.

Вицепремиерот Маричиќ, демант за ситуацијата испрати преку Фејсбук . Тој вели ниту испраќал бакнежи, ниту намигнувал  .

„Најостро ги демантирам недостојните и ниски лаги на пратеничката Дафина Стојаноска. Со пратеничката ниту сум имал било каква комуникација ниту сум ѝ испратил било каква вербална или гестикулативна порака. Ништо од тоа.

Паузата за ручек не ги смири страстите .  Револтот кај ВМРО – ДПМНЕ дополнително порасна оти Маричиќ испратил писмен демант за ситуацијата . Премиерот пак го одбрани :

– Г. Маричиќ се однесуваше согласно сите етички стандарди во Собранието и има пишан демант на она што се случуваше на парламентарната говорница на една од пратеничките, рече Ковачевски, одговарајќи на пратеничкото прашање

ВМРО- ДПМНЕ прашува како е можно ниту една собраниска камера да не го „ уловила “  однесувањето .  Целата пратеничка група излезе на говорница и побара оставка од Маричиќ  . Тој не излезе пред пратениците да каже нешто иако беше повикан , а потпретседателот Мисовски ја прекина седницата

На овој чин треба сите да реагираме . Сега немало камери коишто го уловиле неговото однесување  . Оставка дајте си , рече Дафина Стојаноска

Нема да дозволам,преку мојот грб да се пресметувате, состојбата да си ја пресметувате на друго место , тука ја прекинувам седницата , рече Мисовски .

Целата атмосфера беше подгреана од претходната дискусија помеѓу пратеникот Петар Ристески и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска околу ситуацијата за пензионерите . Ристески побара одговор од Тренчевска, а таа во обид да се одбрани прстот го впери во опозицијата Тоа беше и причината за процедуралното обраќање на Стојаноска во кое сакаше да побара Тренчевска да не прави политички митинг .

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )