Пожарот во беровско се уште беснее – надлежните се сомневаат дека бил подметнат

Уште една тешка ноќ за беровчани. Пламените јазици се уште беснеат меѓу селата Митрашинци и Будинарци. Според информации од ЦУК огнот се држи под контрола и се дејствува во обиколен простор, што значи дека пламените јазици не зафакаат нова шума. Од утринава, повторно се гасе и од воздух. Со цел да се скрати времето за полнење на вода од Беровското Езеро, во село Будинарци е поставен импровизиран базен, од каде хеликоптерот полнеше  вода заради побрза интервенција. утринава полицискиот хеликоптер има направено 27прелети, но поради високите температури истиот е приземен. Во текот на денот, во гасењето на огнот се вклучуваа и ер тракторот.

Неофицијални информации говорт дека пожарот е подметнат, а на терен веќе излегол и инспектор за пожари. Од Дирекцијата за спасување и заштита посочуваат дека пожарите сами од себе не можат да се запалат. Истовремено  упатија апел граѓаните да бидат крајно внимателни

   „ Повеќето пожари што беа лани и оваа годна се подметнати или е од невнимание. Нема пожар што сам од себе се појавува. Ова е простор што не може да гори така лесно. Сигурно е запален на некој начин, но да не отвараме дополнителни обврски или работа„-изјави Беким Максути, директор на ДЗС„

Надлежните се надеваат дека до крајот на денот, доколку ветрот не го смени правецот, пожарот целосно да биде ставен под контрола.

 Според првичните проценки пожарот досега зафатил околу 50хектари, а изгорени се високостеблеста дабова и борова шума. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста