Пожарите голтаат шума во беровскиот регион

Хеликоптер, канадер, десетици пожарникари, доброволци – огнените стихии се уште ја пеплосуваат шума во беровскиот регион . Пожарот на непристапен терен помеѓу селата Митрашинци и Будинарци, е активен од вчера попладнето. Засега гори само нискостеблеста дабова шума, а нема опасност за населените места. Но од национални шуми не ја исклучуваат можноста силниот ветар да ги рашири пламените јазици и до боровите дрвја.

  • Моментално оперираме со бројка 50 хектари дабова шума, од кои 60-70 отсто е во приватна сопственост. Секогаш постои можност да биде зафатена боровата шума, но Национални шуми со сите свои средства кои располага ќе се бори да не дојде до прелеваше на пожарот од дабовата во боровата шума – велат од Национални шуми.

Во обид да го изгаснат пожарот, на терен се 100-тина пожарникари и доброволци со 17 возила.

  • Имаме напи екипи за втора смена, кои наскоро ќе не заменат.. Нашето друштво постои речиси една година, и се трудиме секаде да помогнеме во гаснењето на пожарите – рече Столе Димитровски – Доброволец во гаснењето на пожарите.

Од утрината прелетуваше еден полициски хеликоптер, а претпладнето се вклучи еден канадер од Дирекцијата за заштита и спасување.  Од ЦУК И ДЗС уверени дека со се што им е на располагање, пожарот до крајот на денот ќе биде ставен под контрола.

  •  Проблемот е што на некои места, огнот се распалува и потоа повторно доаѓа до негово ширење. Но, сметам дека ќе воспоставиме во текот на денот целосна контрола. За гаснење ќе ни треба сигурно најмалку уште еден ден.“-Стојанче Ангелов, директор ЦУК.

Непроспиена ноќ поминаа пожарникарите ама и локалното население, кое е со страв да не се повтори минато-годишната слика кога огнените стихии стигнаа и до нивните куќи. Неофицијални информации говорат дека постојат индиции дека пожарот е подметнат, а за тоа сомнеж имаат и од дирекцијата за заштита и спасување.

  • „Сакам да упатам еден апел до сите граѓани дека повеќето од пожарите кои беа и лани и сега, се пожари подметнати или пак пожари од невниманите. Нема пожар кој од самиот себе се појавува на некое место. Ова е шума којашто не може да гори така лесно“-Беким Максути, директор на Дирекција за заштита и спасување.

И цела Европа е во пламени јазици. Само досега изгорени се поголеми површини за разлика од цела година лани. Според Европскиот информативен систем за шумски пожари од 16 јули, опожарени се над 510 илјади хектари, а лани во пожари е уништена нешто над 470 илјади шума, главно во Италија и во Грција. Оваа година пожари беснеат во Франција, Шпанија, Португалија, Грција и Велика Британија кои имаат рекордно топлотен бран.

Викторија Миткова

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста