Македонија VS Црна Гора – Разлика во платите но не и во цените

Македонија VS Црна Гора – Разлика во платите но не и во цените

Македонските власти постојано се фалат дека преземаат мерки за да го заштитат стандардот на граѓаните, но никако да видиме и конкретни ефекти. Цените и натаму остануваат многу високи а стандардот многу низок. Овој предизик е идентичен и за земјите од регионот кои исто така преземаат мерки за намалување на инфлацијата, но кои очигледно даваат подобри резултати. Таков пример е Црна Гора чиј министер за земјоделство е во посета на Македонија.

Земаат драстично повисоки плати, а плаќаат безмалку идентични цени како кај нас, но и се жалат дека живечаката е скапа. Ова економскта слика на Црна Гора, која исто како и Македонија, е на удар на инфлацијата, но очигледно различно се справува со неа. Просечната плата во Црна Гора е 800 евра, што е за над 200 повеќе од она што важи како просек кај нас. Цените во малопродажбата се безмалку идентични, или некаде исти кај храната.

Министертопт за земјоделство на Црна Гора вели дека преземаат мерки да им се помогне на граѓаните, но и на економија, со цел да се заштити нивниот стандард, иако Црна Гора исто како и Македонија е увозно зависна земја.

  • Несаканите глобални случувања многу влијаеја на инфлацијата и на цената на храната, а и ние како држава што е многу зависна од увоз на земјоделски производи и на храна, сме погодени. Ние правиме се што може да ги намалиме цените на земјоделските производи, но кога се тие увозни, а и цените на пазарите и на берзите се високи, не може да се направи многу. Ниту Македонија, ниту Црна Гора се високо развиени земји со огромен капитал и средства во буџетите. Кога би имале зошто да не дадеме? Сите во регионот се трудиме, секако нашите ресурси се ограничени, колку што можеме помагаме, верувам дека тоа се прави и во Македонија, изјави Јоковиќ.

Како и успева на Црна Года да има речиси исти цени како кај нас, а драстично повисоки пати, од нашите министри не може да слушнеме објаснување. Но, затоа постојано слушаме дека се кројат старегии за да се намали инфлацијта. Денеска по кој знае кој пат тоа го повроти и македонскиот министер за земјоделсрво.

  • Ние продолжуваме со сите инвестиции, согласно и стратегијата којашто за прв пат оваа година се донесе стратегија за развој на секторот во следните десет години којашто има точно јасни индикатори што е тоа што треба да го постигнеме во следните десет години, да го зголемиме извозот на флаширано вино за 50 проценти, да го зголемиме извозот на наливно вино за 10 проценти, да достигнеме четири проценти органско вино, 30 проценти да ја промениме структурата на насадите и многу други мерливи критериуми кон кои што ќе се држиме, а во моментот се работи на акцискиот план којшто точно ќе ги дефинира задачите и обврските на сите чинители во секторот, изјави министерот Николовски.

Ако се направи споредба Македонија со Црна Гора, просечната плата кај нив е 800 евра, и затоа цените се минимално повисоки за разлика од кај нас, кои во просек земаме околу 600 евра, ама ретко кој ја зема. Па така, во популарен синџир на маркети во Црна Гора лебот чини 0,9 евра, или околу 50 денари, литар млеко 1,5 евро (околи 90 денари), додека јогуртот е околу 1,45 евра, или околу 100 денари. Тестенините варираат од половина евро до 2 евра, а килограм фета-сирење чини од 2 до 10 евра. Кај нас пак, на толку низок стаданрд, цените се идентични како во Црна Гора.

И додека во Македонија цените на храната се намалени за некој денар, кои за домашниот буџет речиси и да не значат ништо, земјите од регионот спроведуваат стратегија за намалување на цените, но и подобрување на животниот стандарт на граѓаните.

Борис Грујоски



КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )