Анкетна комисија за Клиниката за онкологија – први на распит екс министрите за здравство Филипче и Сали

Анкетна комисија за Клиниката за онкологија – први на распит екс министрите за здравство Филипче и Сали

Анкетната Комисија за скандалот “онкологија” ќе бара отчет и од поранешните министри за здравство за препродажбата на цитостатици.Претседателката на Комисијата, Рашела Мизрахи најавува дека за случајот ќе бараат да се информираат и од сегашниот министер за здравство, Фатмир Меџити, но и од неговите претходници – Белим Сали и Венко Филипче. Скандалот на Онкологија, според неа, всушност е трагедија. Таа изрази искрена надеж дека ова ќе биде првата анкетна комисија која што ќе ја заврши задачата – ќе утврди наоди и ќе предложи решенија.

„Нема да дозволам во ниеден момент оваа комисија да се претвори во парасудски орган. Ние сме пратеници и политичари кои ќе бараат политичка одговорност. Се надевам и верувам дека оваа ќе биде првата Анкетната комисија која што ја заврши задачата утврдена во одлуката. Ќе утврди наоди и ќе предложи решенија, и тоа ќе го направиме во очите на јавноста и заедно со седмата сила – медиумите. Очекувам да имаме заклучоци за вистината дали има или нема одговорност, во колкава мера и чија одговорност“, вели претседателката на Анкетната комисија, Рашела Мизрахи.

Пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ, вели дека тој и неговата пратеничка група се најзаинтересирани да видат дали, кога и од чија страна биле направени евентуални злоупотреби со терапија на онкологија.

„Апсолутно застануваме против злоупотребата на народните пари што оваа Влада ги одвоила за биолошка терапија и сме заинтересирани да видиме дали, кога и од чија страна со име и презиме биле направени евентуални злоупотреби со истата терапија“, рече пратеникот Ненад Коциќ.

Анкетната комисија е формирана откако во јавноста беа објавени информации за злоупотреба на терапијата за пациенти болни од рак, за што истрага отвори и Јавното обвинителство.Пациенти болни од рак и нивните семејства секој понеделник протестираат и бараат правна разврска на случајот. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )