Домашен притвор за родителот што натепа наставничка и ученик во Битола

Домашен притвор за родителот што натепа наставничка и ученик во Битола

Во домашен притвор е родителот од Битола, кој пред два дена во училница на среде настава натепа ученик и наставничка. Причината за ваквото насилство бил нетрпеливиот однос меѓу две деца, а наставничката наводно настрадала бранејќи го нападнатото дете.

Официјално, инцидентот се случи во ОУ „Даме Груев“ Битола, кога според извештајот на полицијата, двајца родители физички нападнале соученик на нивното дете и наставничка додека одржувала час. Од СВР Битола потврдуваат дека на „родителот Р.Л. му е одреден домашен притвор од 8 дена. Родителот се сомничи за кривично дело „насилство“, а постапката ја води ОЈО од Битола.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )