Катица Јанева останува во затвор – Пендаровски го одби барањето за нејзино помилување

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева останува во затвор. Претседателот Стево Пендаровски нема да ја помилува потврдија од неговиот кабинет. Таквата одлука на Пендаровски е донесена откако комисијата за помилување, како редовно работно тело во кабинетот на претседателот, дала негативно мислење за барањето на Јанева. Одлуката паднала, но нејзината одбрана тврди дека се уште не го добила решението.

Барањата изминатиов период ги поминале сите законски филтри во рамките на затворскиот систем, по што изминативе недели биле разгледувани и од страна на комисијата за помилување на претседателот, која што е советодавно тело. Таа листа со предлози ја доставува до претседателот, којшто го има конечниот збор. Од кабинетот на претседателот велат дека и комисијата дала негативно мислење за барањата за помилување. Покрај овие три звучни имиња, намалување на затворските казни побарале и десетици други осуденици.

Јанева е осудена на 7-годишна затворска казна поради злоупотреба на службената положба и овластување како специјална јавна обвинителка во аферата „Рекет“.

Сега таа работи како библиотекарка во библиотеката на затворот „Идризово“ и ги користи другите поволности коишто и ги овозможува затворскиот систем.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста