Повторно падна дел од сајтот на ФЗОМ

Системот на ФЗОМ повторно “падна”. Пациентите не можат да го променат матичниот лекар, да ги продолжат здравственото осигурување и боледувањето. Ниту пак, можат да земат ортопетско помагало. Матичните доктори алармираат дека со нефукционалноста на системот им се кочи целата работа. А пацинтите се револтирани што чекаат со денови да завршат работа.

“Имате луѓе починале треба да ги одјавите, ни доаѓа цела фамилија од амбланта што се затворила треба да ги пријавите.Бараат пацинетите боледување..едноставно порталот ни е нопходен.Подолго време имавме проблем како да влеземе имаше технички проблеми побаравме некакво известување барем да ни се достави.Или пак, начин бидејќи ние сме доктори а не програмери како да го надминеме тој софтверски проблем.Не добивме ни такво нешто, а ни беше ветено ” – вели за Алфа, д-р Лилија Чолакова Дервишова.

Д-р Лилија Чолакова Дервишова вели дека најпроблематично во моментов е тоа што пацинетите кои останале без матичен доктор, а не можат да се регистрираат практично не можат да бидат ни услужени.

Ако вие дојдете во моментот да побарате да се префрлите во било која нова амбуланта нема да може ниту еден матичен доктор да ве услужи.Ако не може да ве запише во порталот во нивната амбуланта тоа значи дека не може да ви даде рецепти за лекови, боледувања ниту нега да ви пише – буквално ништо” – изјави докторката.

Од Фондот за здравствено осигурување досега не добивме одговор – во што е проблемот со системот и кога ќе се реши.

Инаку системот на ФЗОМ пред неколку месеци беше целосно хакиран и не функционираше десетина дена. Со падот на системот цело здравство беше во колапс.Граѓаните не можеа да се регистираат како нови осигуреници ниту да изберат матичен лекар, мајките беа спречени да комплетираат документи за надоместок на породилно. Пацинтите не можеа да подигнат ниту рефундација на лекови кои ги купиле од свој џеб.

Она што останува нејасно е дали сегашните проблеми со веб страната на ФЗО ја загрозуваат безбедноста на личните податоци на осигурениците.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста