Какви тенкови ќе добие Украина од САД, Велика Британија и Германија?

Придвижуван од мотор од 1.500 коњски сили, американскиот тенк Абрамс М1 нашироко се смета за технолошки најсофистициран тенк што се користи.

Екипаж од четворица управува со М1. Тој е опремен со топ од 120 милиметри, кој се користи за уништување на непријателски тенкови и други тешко оклопни возила.

Абрамс има и три митралези – главен и моќен како и неколку полесни кои се користат  за противпешадиско оружје.

Може да се движи со максимална брзина од околу 65 километри на час, со максимален опсег на возење од околу 425 километри.

Леопард 2 има многу од карактеристиките на Абрамс М1, како што е топот со мазна дупка од 120 милиметри и пар лесни митралези.

Германските и американските тенкови се дизајнирани подобро да ја заштитат нивната екипа од четири лица отколку тенковите од советско производство што во моментов ги користат и Украина и Русија.

Во тенковите М1А1, заедно со Леопард 2, екипажот е многу побезбеден бидејќи муницијата за тие два типа тенкови е надвор од местото каде што екипажот седи во куполата. Ако е погоден тенк М-1 или тенк Леопард 2 и се е во ред во куполата, круговите одат нагоре и излегуваат. Додека кај тенкот Т-72, куршумите се наоѓаат во куполата заедно со екипажот, и тие се многу поподложни и предизвикување катастрофална штета на тенковската екипа и на самиот тенк“, вели Џан Џентил, поранешен командант за тенкови на американската армија.

Британскиот „Челинџер 2“ има митралези од 120 милиметри како главно оружје, заедно со неколку лесни митралези. Неговата муниција се чува и надвор од одделот за екипаж. 

Неговиот мотор со дизел гориво е помал,1.200 коњски сили.

Но, неговиот максимален домет од повеќе од 500 километри е значително подобар од тенковите од САД или од германско производство.

НАТО ја опиша одлуката за испраќање тенкови како „клучен“ момент.

„Она на што Владимир Путин се надева, и се надеваше во изминатите неколку месеци, е дека ваквата закана од заплашување, а потоа и замор кај Европејците – особено за влијанието што санкциите го имаат врз нивните сопствени економии – дека сите тие работи ќе предизвика да се прекине трансатлантското единство за ова. Но, досега не е така. Го видовме спротивното“, вели Анџела Сент, експерт за Русија од Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон.

Киев вели дека му требаат 300 тенкови и борбени авиони за да ја победи руската инвазија. Дали тоа може да биде следната бариера што треба да ја надмине Западот?

„Тоа би била уште една ескалаторна мерка. Но, мислам дека во моментов, она што тие сакаат да го направат е да видат како Украина ќе продолжи со тенковите и потоа да проценат од таму“, вели Ед Арнолд од институтот за кралски обединети услуги.

Според експертите, војната може да заврши доколку Русија се повлече или доколку единството на НАТО сојузниците попушти. Што ќе се случува е нејасно но, САД велат дека се тука да помогнат.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста