„Македонија пат- Штип“ подготвена за снегот, но кубури со кадар

Снежната покривка со која изутрината се разбуди истокот, барем засега носи само радост, но не и парализирање на патната инфраструктура. Сите патни правци се проодни, а снегот со механизација во ноќта се чистеше на патниот правец кон планините Пониква и Серта, граничниот премин со Бугарија и кај превоите кон Калиманско езеро. Ако порано за Македонија пат важеше максимата дотраена механизација, денеска ситуацијата е дадлеку поразлична. Машини имаат, ама сега немат луѓе за да ги управуват. Старосната граница на вработените е висока, а недостигаат инжинери, возачи и заварувачи.

  „Имаме и ново набавена механизација, стара, а на располагање имаме механизација од трети лица И со абрезивни матрејали сме озбезбедни доволно…Вработени немаме. Дел заминуваат по основ на пензионирање, имавме и некој смртен случај. Ни недостигат сите профили. Старосната граница ни е висока„вели Влатко Цоневски од  штипската подружница на ЈП„Македонија пат„

На готовс се и екипите на јавните претпријатија Стипеон и Исар задолжени за чистотата на градските улици и тротоари. Сол и песок има доволно.

Имаме доволно количини на песок и сол, доколку врнежите од снег се интензивираат. Сите сме на располагање. Имаме и доволен број на механизација. Дококлу паднат поголеми наноси од снег имаме потпишано договор со приватен оператор, кој би помогнал во расчистување на снегот„ изјави Кирил Зајков, директор на ЈП„Стипеон„Штип.

Утринава најмногу снег наврна на Попова Шапка, кадешто снежната покривка достигна над 80 сантиметри. И во наредните денови синоптичарите најавуваат врнежи од дожд и снег. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста