И покрај опасноста кај Богданци и демирхисарско, годинава Македонија, засега се спаси од огромни пожари 

Ветерниците кај Богданци за влакно не се претворија во пепел, но затоа Македонија пред две години го загуби едното белдробното крило кај беровско. Пожарите годинава, и покрај опасноста, засега се далеку од тоа што сме го преживувале минатите години. Пламените стихии во последните три години на Македонија и проголтаа илјадници хектари шума. Само за еден ден на територија на цела држава се гаснеа 23 пожари на отворен простор, кои зафатија над 500 хектари ниска вегетација и шума.  

Лани пак 194 пожари вкупно изгореа речиси 2 милиони евра или 2000 хектари шума. Пожарите од пред две години кои беснееја низ државата, направија штета од 37,7 милиони евра.Во периодот меѓу јуни и септември, се случиле 142 шумски пожари, во кои изгорееја над 11 илјади хектари шума или повеќе од  482 илјади  метри кубни дрва.

„Од вкупните штети од пожарите најмногу беа зафатени шумите од мешаните насади, кои учествуваа со 52.2 отсто, шумите од листопадни видови со 30.2 отсто, шумите од иглолисни видови со 10.1 отсто, додека приземната вегетација учествуваше со 7.4 отсто“ – Државен завод за статистика. 

Првиот човек на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов со аплел до населението да биде исклучително внимателно за да не се предизвикаат пожари. Главни причини според него  палењето на оган и скара на отворено, палењето на стрништа и пасишта, фрлање отпушоци.

„И најмалиот пожар за миг може да излезе од контрола и неколку стотици метри или неколку километри подалеку може да убие човек или да нанесе огромна материјална штета“, предупредува Ангелов.

Но досега за ниту еден подметнат пламен виновник не се најде.

Пожарите во беровско од пред две години освен што ја узгореа шумата за малку ќе пеплосаа и градот. Власта како и секогаш не го процени ризикот, па помош во гаснењето доѓаше од сите страни – пожарникари од  Австрија, од Бугарија и Романија. Србија испрати хеликоптери а дојде помош и од Словенија и Франција. Се вклучија и армијата и полицијата но и граѓаните кои вложуваа максимални напори да се спречи секоја нова искра која се разгоруваше од секунда во секунда. 

Македонија со години е во голем минус со пожарникари. Последните информации говорат дека на 34-те територијални противпожарни единици во земјава им недостигаат над 340 пожарникари за да барем да го исполнат законски пропишаниот минимум. Најмногу пожарникари, повеќе од 200, му недостигаат на главниот град Скопје, следува Куманово, каде фалат 33 пожарникари, во Битола 21 и Тетово 17.

Но и да има пожарникари со што би ги гаснеле огнените стихии? Возниот парк на противпожарните единици е стар во просек 27 години, но има возила стари и по над четири децении. Таква е ситуацијата во Валандово, каде што пожарите сѐ уште се гаснат со камион ТАМ од 1966 година, стар 57 години. 

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста