Донев: Со добра дипломатија може да се извади договорот со Бугарија од преговарачката рамка

Преговарчката рамка може да претрпи измени и да биде изваден договорот со Бугарија. Во дипломатијата се е возможно, вели поранешниот амбасадор Јован Донев кој го коментира предлогот на Мицкоски кој би значел некаков вид на гаранција дек анема да има нови услови од Бугарија. Но според него прашање е колку владата е подготвена за такво нмешто, со оглед на тоа што ги жртвува националните интереси за политички поени кај меѓународниот фактор.

Во дипломатијата се е еможно, проблемот е што оваа влада и жртвува националоните интереси за политичкии поени и се додворува пред меѓународниот фактор, вели поранешниот амбасадор Донев.

Донев предлага наредниот парламентарен состав да формира анкетна комисија која ќе ја преиспита македонскат анадворешна политика од 2017-та година до денес.

Алфа се обрати до Владата и праша дали е возможно да се изгради единствен став по однос на преговарачката рамка и од истата да биде изваден билатералниот договор како што предлага лидерот на опозицијата. Но од Илинденска одговор нема.

Мицкоски  посочи дека меѓународните претставници кои бараат уставни измени, ни ветуваат, но не гарантираат дек анема да има нови услови.

Ако е така бидејќи трпението на граѓаните во Македонија е навистина преголемо и тоа се покажа уште од оној Договор за стабилизација и асоцијација па до денес, цело време има уште ова, уште ова, еве јас ќе дадам предлог нека го избришат билатералниот договор од преговарачката рамка и тогаш е бидеме сите сигурни дека нема да има дополнителни услови, истакна Мицкоски.

Инаку  досегашната пракса на ЕУ со преговарачките рамки покажува дека има случаи во кои документот прeтрпел измени. Таков  е случајот со Србија и Косово.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста