Дали и како е инсталиран „Предатор“ ? Опозицијата обвинува дека Ковачевски наредил прислушување?

Ковачевски наредил масовно прислушување и следење на комуникациите на граѓаните – обвинува опозицијата. ВВМРО-ДПМНЕ прашува зошто премиерот дозволил спротивно на сите законски процедури македонија да го купи шпионски софтвер предатор?

„ковачевски сака преку низа криминални дејанија да опстои на власт. ковачевски навлегува во приватноста на граѓаните, притоа нарушувајќи го имиџот на државата пред стратршкиот партнер поради соработка со фирма која е на црната листа на сад. и шефот на грчкото разузнавање јасно потврдуви дека овој софтвер се користел во грција за шпионажа на политичари, медиуми и бизнисмени, а истиот се користел и во макеонија“, велт од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ ги отфрлаат обвинувањата.

Оперативно техничката агенција која е независна агенција, јавно соопшти дека не се кроисти таков софтвер за кој говор ДПМНЕ.  ОТА е под надлежност на Собранието, а Владата и премиерот Ковачевски немаат никаква врска со неа, се вели во партиската реакција на СДСМ.

Во меѓувреме пратениците од наредната недела ќе почнат да собираат информации кои фирми произведуваат, продаваат и најбитното кој во македонија ги користи прислушувачките системи. Овие системи се сложени, особено Предатор ,за кој поранешниот министер Павле Трајанов, а сегашен член на собраниската комисја појаснува како преку вирус се инфицираат мобилните апарати.

Членот на собраниската комисја, Драган Ковачки oд редовите на Вмро Дпмне е убеден дека некој треба да сноси одговорност особено што на црната листа на сад е ставена македонска компанија поради сајбер шпионажа.

Пратениците сметаат дека од особена важност е да се дефинира во земјава дали политичките партиите, институциите, бизнисмените, властите и сите останати кои имаат интерес да прислушкуваат го прават тоа со помош на овие системи, но и најважното која институција е надлежна за превенција од можни злоупотреби.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста