Димитар против Ковачевски, Оливер против Спасовски, Кренар го брани Лога- каде плови владиниот брод?!

Димитар против Ковачевски, Оливер против Спасовски, Кренар го брани Лога- каде плови владиниот брод?!

Димитар не е задоволен од планот на Ковачевски за амнестијата, Оливер не се согласува со Спасовски, Кренар го брани Лога. Разногласието меѓу премиерот и министрите е јасна порака дека власта се подготвува за избори и се обидува колку може да спаси од рејтингот кој е во слободен пад. Познавачите се на ставот дека она што го гледаме последниве денови, каде премиерот Ковачевски дава предлог закон, а партискиот лидер Ковачевски ќе поднесувал амандмани на истиот закон, со кој не се согласува првиот полицаец, е јасна порака дека кампањата за изборите е веќе почната, вели за Алфа политичкиот аналитичар, Агим Јонуз.

-Видете кампањата веќе на големо е почната за изборите, кој што сака нека кажа меѓутоа не треба специјален бинокулус за да се примети дека кампањата е во полн ек, во една своја форма која треба да претходи на сериозната пред парламентарна кампања. Најадекватен одговор на ситуацијата во која се наоѓаме а апропо какафонијата би била една народна поговорка која вели „сречо моја чорави народе“, изјави Јонуз.

Последниве денови видовме и слики од враќањето на поранешниот премиер Зоран Заев во партиското седиште на СДСМ. Според политичкиот аналитичар Александар Ристевски, тоа само го покажува очајот на власта во обидот да го сопрат тонењето на бродот кој веќе е под вода.

-И она последно што го направија со враќањето во партиското седиште и на Заев и на Шекеринска, тоа повеќе го покажува и очајот, затоа што сите оние луѓе кои беа некаква основа на сите оние негативни и лоши случувања во државата кои беа да ги вратите назад и политички да ги оживеете. Па оние повици на нивни пратеници или членови на раководство, дека или ќе се обединиме или се оди удолу, изјави Ристевски.

И Ристевски е на ставот дека власта се подготвува за изборното соочување

-Актуелната власт влече чекори кои очигледно може да се каже еден дел од оној своевиден предизборен фолклор или удоволување на незадоволните странки. Што да се каже кога гледате дека секој влече на своја страна, дури и не само меѓу коалиционите партнери во владината коалиција, туку и внатре на ниво на СДСМ, изјави Ристевски.

Според Јонуз овие потези се обид на власта и да го одвлече вниманието од хаосот во кој се наоѓа државата.

-Во немање ништо поинакво, специфично, решително за актуелните проблеми во кои што се наоѓаме, наједноставната филозофија на чување на некој амбиент е какафонијата. Какафонијата е сосема природна во ситуации кога постои хаос. Македонија е во хаос, сеопшт хаос, не е во прашање само казнениот законик, предвремените избори, Бугарите итн, вели Јонуз.

Ако ги следиме јавните обраќања на владините функционери можеме да се запрашаме дали тие меѓу себе воопшто комуницираат. На пример вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, кажа дека не ја слушнал изјавата на првиот дипломат Бујар Османи, дека и по евентуалните уставни измени, сепак очекува и нови бугарски барања.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )