Сметките за вода отидоа „нагоре“-„Ќе летнат“ ли и тие за комунален отпад?

Сметките за вода отидоа „нагоре“-„Ќе летнат“ ли и тие за комунален отпад?

Регулаторната комисија за енергетика која ја скрои цената на водните услуги,сега ќе ја определува и цената за комунален отпад што ќе ја плаќаат граѓаните на ниво на држава.До лани Советите на општините носеа одлука за висината на цената за комунален отпад ,сега јавноста ја интересира дали ќе има зголемување на цената на оваа услуга,што дополнително ќе го оптерети семејниот буџет на граѓаните? Првиот човек на Регулаторна, Бислимоски не очекувал да има било какви ценовни шокови.

Ако пратите во изминатиот период од кога се дозна дека регулаторната комисија за енергетика ќе ја определува и цената за комунален отпад,советите на одредени општини ја користат оваа можност да си ја корегираат својата цена за комунален отпад”-вели Марко Бислимоски

Директорите на јавните комунални претпријатија сеуште не се информирани врз основа на која методологија ќе се утврдува цената за комунален отпад,она што е извесно е дека таа нема да биде иста за сите региони во земјава.Имајќи предвид дека сеуште не се донесени правилниците врз основа на кои ќе се утврдува цената,од јавните комунални претпријатија со единствен став дека ќе реагираат доколку е нереална.

Во секој случај, ние и минатата година кога извршивме промена на цената гледавме да не биде оптоварен буџетот на граѓаните, меѓутоа гледавме да се покријат и реалните трошоци на јавното претпријатие.Кај нас оптеретување како јавното претријатие се ценовните шокови за нафтата и нафтените деривати.Ако некои јавни претпријатија беа погодени со високи сметки за струја, ние бевме погодени со високи фактури за нафта-вели Сашо Најдески,директор на Ј.ПОхридски Комуналец

И додека јавните претпријатија бараат план Б како да обезбедат чисти улици и да го сервисираат подигањето на сметот,оти камионите не одат на вода,првиот регулатор ги окуражува да се здружеле и по теркот на европските држави да граделе постројки за производство на електрична и топлинска енергија од отпад, или пак тој отпад да го продавале на некоја друга компанија во државава и на тој начин да печалеле. 

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )