Администрацијата во судовите и обвинителставата со рок од 10 дена за владата да најде решение за нивните плати

Администрацијата во судовите и обвинителставата со рок од 10 дена за владата да најде решение за нивните плати

Парализа на правосудниот систем, ако владата за 10 работни дена не изнајде решение за ниските плати на администрацијата во судовите и обвинителствата. Во спротивно, тие излегуваат на штрајкови и протести. Ова следи откако владата донесе одлука за формирање на работна група за координација помеѓу економските и правосудните ресори, која треба да разговара за состојбата на администрацијата во правосудството.

  • „Да ги известиме дека на првата средба, ќе барме дефинирање на рокот, да заврши во десет работни дена, доколку, не се договориме и не ги прифатат нашите услови, штрајкот ќе продолжи на поригорозен начин и нема да се работат никакви работни задачи во обвинителствата.“ – Порача Трпе Деановски од УПОЗ.

Оттаму додаваат дека нема да се пазарат за 5 или 10% покачување, и воопшто нема да преговараат.

  • „Сепак, без нас не се може, ако ние работиме еден за тројца, да знаат дека повеќе тоа нема да го правиме, поготово не за вакви бедни плати“ – Истакна Изабела Илиева од синдикатот на јавни обвинителства.

Одлуката на владата создаде револт кај најголемите синдикати на судската администрација и судската полиција, кои пак не се вклучени во преговорите. Оттаму бараат и тие да земат учество во работната група или, како и нивните колеги од обвинителствата и тие највуваат штрајкови и протести.

  • „Штрајкувачкиот одбор одлучи дека пртоестите ќе продолжат од понеделник со блокирање на улици, бидејќи ние се уште не сме повикани на тие преговори. Им оставаме 7 дена да ни се обратат, од 16ти веќе треба да седнеме и да преговараме, да одлучуваме за нашите проблеми. Грото во овие синдикати се вработени во судската служба, сите се вработени, во судската служба и мислам легитимно е ние да бидеме вклучени во тие преговори“ – Порача Јасмина Величкова од синдикатот на судска администрација.

Тие бараат 0,8% од државниот буџет, кој според закон треба да се исплаќаат на судската власт. Велат оти тие го полнеле буџетот, а нивните пари се користеле за други намени.

  • „Во 2022 година, судската власт е оштетена, нејзини средства се земени за коридор 8 и коридор 10, во 2023 година, нејзини средства се земени за исплата на функционерските плати.“ – Истакна Рената Ѓоргиевска од здружението на судска администрација.

Ова следи откако пред само неколку дена, администрацијата во судството и обвинителството, како и судската полиција излезе на два одделени протестни марша со барање за повисоки плати и додатоци, го блокираше главниот град, а правосудниот систем направи пауза со работа, поради што се одложија стотици предмети.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )