ВМРО ДПМНЕ: Граѓаните живеат на раб на егзистенција, изборите се единственото решение

Граѓаните се разочарани од неспособноста на власта, криминалот, корупцијата, граѓаните живеат на раб на егзистенција, а за нивните проблеми нема слух од централната власт– ова се пораките на опозициската ВМРО-ДПМНЕ по средбите со граѓаните низ Македонија. Македонија може да биде успешна земја, земја во која се живее достоинствено – изјави градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски, од скопско Сопиште.

„Продолжуваме со теренските посети, продолжуваме со средбите со граѓаните. Тоа што е евидентно е дека има огромно разочарување. Разочарување од неспособноста на централната власт, разочарување од немањето капацитет за да се решаваат суштинските проблеми на граѓаните, а паралелно и со тоа енормната корупција на секое поле во општеството”, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски при денешната средба со граѓани во рамки на активноста „Ова е Македонија за сите”.

Тимoт предводен од пратеникот Никола Мицевски, пак, во посета на населените места Св. Николе. Со граѓаните разговарал за проблемите кои ги тиштат но и можните решенија.

„Од луѓето слушнавме и се уверивме во она што го знаевме дека луѓето живеат на работ на егзистенцијата и дека проблемите со кои што се соочуваат не се решаваат од централната власт. И единствениот спас во моментов е локалната која што во рамките на своите можности им дава поддршка на сите активности“, нагласи Мицевски.

Акцијата под мотото „Ова е Македонија за сите“ почна минатиот викенд, а како што велат од партијата, целта е да се обединат луѓето околу принципите на заедничкиот патриотизам, но и промените кои и се потребни на државата. Ги повикаа граѓаните да се вклучат во акцијата и да придонесат со својата идеја за решавање на провлемите и предизвиците.  

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста