Уапсен напаѓачот од Младеновац кој ноќеска уби 8 и рани 14 лица

Специјалците на српската полиција за неполни 24 часа го уапсија 21 годишниот Урош Блажиќ, син на армиски потполковник кој доцна синоќа во Србија направи масакр изрешета осуммина, а рани 14 лица, меѓу кои и 15 годишно момче. На полицијата и дојавил таксист каде се наоѓа убиецот. Веднаш по него уапсени се и неговиот дедо и вујко и кои се сомничат дека го криеле во нивната семејна викендица близу Крагуевац. Таму е пронајдена и поголема количина оружје и муниција. Србија е потресена по загубата на млади човечки животи, прво во Врачар,  па сега во Младеновац.  Повредените се во животна опасност.

За претседателот на Србија, Александар Вучиќ ова е терористиччки чин. Тој рече дека се изгубени животи на многу граѓани и дека сочувствува со семејствата и со сите граѓани. Владата на Србија усвои и нови поригорозни законски мерки за носење и чување на огнено оружје.

Ова е напад на целата држава, секој граѓанин тоа го чувствува. Ако сум поборник на теориите на заговор, ќе имав што да кажам. Изгубивме многу деца, многу граѓани. По убиството на децата, сите бевме во состојба на шок. Нашите служби имаа задача да го уапсат или неутрализираат терористот. Лицетое уапсено и светлост на денот нема да види. Од затвор нема да излезе“, вели претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Докторите се уште се борат и за животот на повредените во српското училиштеВладислав Рибникар“.  Во меѓувреме таткото на Коста, кој уби 8 соученици и чуварот во училштето, негира дека го обучувал синот да ракува со оружје. Вишиот суд во Белгад му одреди 30 дневен притвор на Владимир Кецмановиќ кој е обвинет за тешки кривични дела против општата безбедност.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста