Македонците од егејскиот крај бараат раскинување на договорите со Бугарија и Грција

Раскинување на Договорите со Грција и Бугарија, и  распуштање на комисиите кои се обидуваат да извршат ревизија на македонската историја – ова се пораките на Македонците од Егејот.  Македонија се сеќава на егзодусот на некогашните дечиња. Голем дел од нив, денеска се собраа на „Беломорски средби“ и испратија пораки за обединување и посветла иднина на Македонија.

Денес ја одбележуваме шестата средба на децата бегалци, во знак на 75 години од егзодусот на децата од Егејскиот дел на Македонија. Бараме да се раскинат Договорите со Бугарија и Грција, и распуштање на меѓувладините комисии за ревизија на македонската историја. Ние имаме историја која трае со векови. Повикуваме на семакедонско помирување и обединување, бидејќи во обединувањето е силата – рече Алекандар Јаневски – претседател на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од егејскиот дел на Македонија.

Ова е од големо значење, за Македонците кои се протерани од Грција, од неправдата.Ние сме сведоци на неправдата, која ни ја направи Грција. Да бегаме од нашите топли огништа, од нашите родни места. Затоа сме благодарни на Македонија, која ни дозволи вака да се сплотиме -рече Стојан Димков – претседател на Здружение на Македонци од егејскиот дел на Македонија. „Мирка Гинова“ – Штип.

Од македонско-патриотското друштво велат дека и по 75 години од егзодусот, Македонците од Егејскиот дел се исправени пред истиот предизвик – негирање на нивниот идентитет.

75 години од егзодусот од некогашните дечиња. За жал, и ден денес се без права, од онаму каде што се родиле и никогаш не се вратиле. Со самиот наш собир, укажуваме на нашите барања, за заштита на идентитетот. Слоганот на нашата манифестација е да се обединиме, да станеме посилни. Ние Македонците, од Егејскиот дел, да бидеме пример за обединување за сите правдини – рече Сотир Лукровски – претседател на македонско-патриотско здружение В’мбел Егеј.

Во граѓанската војна во Грција која траела од 1946 до 1949 година биле прогонети повеќе од 50.000 Македонци. Од нив најголем дел заминале во Југославија и во источноевропските земји. Првиот собир на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија се одржал во Скопје на 30 ти јуни 1988та година.

На Македонците кои ги напуштија своите родни огништа во Егејска Македонија, до денес Грција не им ги вратила имотите.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста