Ахмети ќе го преживее расколот, но цената на судирот Груби-Меџити ќе ја плати ДУИ и албанските гласачи

Ахмети го држи цврсто тронот во Мала Речица, ама расколот во партијата ќе ја ослабне силата на инегративците на политичката сцена, сметаат дел од аналитичарите по последните случувања меѓу ДУИ и нивната фракција. Според познавачите на политиката особено во албанскиот блок, она што навистина се случува во ДУИ е борба на суети, каде учениците сакаат да земат дел од колачот на учителот.

Аналитичарот Агим Јонуз за се подлабокиот јаз кој е во ДУИ вели дека лидерската позиција на Ахмети е гарантирана, но на наредните избори прашање е дали гласачкото тело на партијата од Мала Речица ќе остане со исто конто.

Ако нешто претрпува штета тоа може да биде партијата генерално на политичката сцена. Во актуелниот момент со позициите со кои владее ДУИ, нема шанси да претрпи некаква поголема штета затоа што позициите се забетонирани, барем за сега, но тоа не значи дека на следните избори кога и да се, ДУИ е во сериозна опасност да не го добие никогаш повеќе она што некогаш можел да го добие, поготово што албанската опозиција се повеќе зацврстнува и се повеќе и повеќе оној опонентен дел на политиката во албанскиот кампус се осврнува како едно сериозно тело кое може сите математики на ДУИ да ги расипе, вели за Алфа, Агим Јонуз – аналитичар.

За дали расколот во ДУИ може да ја разниша фотељата на Ахмети аналитичарот Муслиу на линија со Јонуз, ударот не е кон првиот човек на интегративиците, ама партијата е во опасност да трпи штети, особено на избори.

Сепак се води битката за второто место во целиот овој процес и таа станува се пожестока ако продолжи на овој начин сигурно дека ќе има последици внатрешни, но не на лидерската позиција, туку ќе има последици политички сепак се тие политичка партија и таа че мора во одреден момент да излезе на избори, ако не се менаџира целиот процес може да има и штети, изјави за Алфа, Алберт Муслиу – аналитичар.

Фракцијата во ДУИ е се погласна, но и разжестена, се заканија со протести доколку нивниот глас не биде слушнат, а главниот камен на сопнување е Артан Груби, за кого незадоволните од партијата на Ахмети велат дека е време да замине во политичка историја. Дека нерасчистените сметки во ДУИ и те како влијаат на политичката сцена потврдија повеќе експерти, но она што е проблематично е токму она што го кажа поранешниот министер Хајредини односни дека расколот во партијата на АХмети може да се прелее на улиците и да заврши со трагични настани.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста