Македонија како див запад – зошто нема разрешница за мафијашките пресметки?

Крвавите убиства станаа речиси секојдневие по македонските улици.  Престрелки во кои се вмешани главни ликови од криминалното подрземје и пресметки помеѓу мафијашки кланови за кои со месеци и години нема расветлување, а не ретко се без разрешница.

Последен беше случајот со двојната егзекуција во старата скопска чаршија, за која јавноста веќе има сомнеж дека некогаш ќе биде расчистена.. И додека надлежните уверуваат дека се работи на откривање на идентитетот на петмината наводно професионални убијци од Косово, кои ги ликвидираа Јетон Кривањева алијас „Жила“ и Енес Исеини –  познати нарко-босови, расветлување чека и пукотницата во Александар Палас. Токму Жила се поврзуваше и со тоа пукање во 2019-та каде освен него мета беше и прочуениот во криминалното подземје Камер Идризи, кој ја преживеа престрелката, но беше убиен по две години. Но, ниту кој го уби Камер Идризи не се знае.

По една година од убиството на помладиот брат, во пресрет на празникот Рамазан Бајрам беше убиен и постариот Јонуз Идризи со пукање од автобил во движење додека седел во чајџилница во скопски Чаир. И во таа пукотница имаше и повредени и очевидци со рани од исекотини но инцитендот расврска досега не доби.

Се уште не се најдени строителите на двојното убиство во Чаир кое се случи на 5 март преклани кога беа убиени две лица на воздраст од 28 и 24 години. Полицијата тогаш на местото на настанот најде чаури од пиштол и автоматска пушка,а не е позната  причината за убиствата,  како и тоа кој стои зад нив.

Не се целосно расчистени ни случачите со убиството на Рузвелтова од 2018 година, ниту пак кој пукаше на Партизанска во близина на Лептокарија.

Исто како и Кривањева, така и Идризи можеа да се забележат на фотографии во високи функционери, а јавноста тврди дека се дел од врската со политичките елити од власта.

Лани по бројните вакци несакани инциденти на скопските улици Алфа го праша министерот Спасовски кога МВР ќе ги реши убиствата и случаите и со жртви од заскитани куршуми. Таквите случаи за Спасовски тогаш не беа во голем број, но  ветуваше поголема транспарентност и соработка помеѓу интистуциите. А правниците на тоа одговорија дека бавната правда не е правда.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста