Анкета на ИПИС : ВМРО-ДПМНЕ со 25% повисок рејтинг од СДСМ и ДУИ заедно

25 проценти повеќе од населението би гласало за ВМРО-ДПМНЕ отколку за СДСМ и ДУИ заедно, ова се резултатите од најновата анкета споведена од Ипис.  За партијата раководена од Мицкоски би гласале 21,7 проценти, а за евентуалната коалиција на партиите на Ковачевски и Ахмети 16,7 отсто. На трето место е партијата на градоначалникот на Куманово.

Заедничка листа на коалицијата СДСМ и ДУИ – 16,7 %

ВМРО-ДПМНЕ – 21,7 %

Алијанса на Албанците – 2,7 %

Заедничка листа на Беса, Алтернатива и огнената група – 4,7 %

Левица – 4,5 %

Граѓанско движење на Максим Димитриевски – 5,1%

Ниту една од горе наведените – 16,6 %

Не знам / Не одговорил – 28 %

На прашањето Во каква насока се движи Македонија, дури половина од испитаниците се изјасниле дека државата се движи во погрешна насока.

Правилна – 9,2 %

Донекаде правилна – 18,3 %

Донекаде погрешна – 13,7 %

Погрешна – 50,9 %

Не знам / Не одговорил – 7,8 %

Истажувањето на гражанското мислење покажува и дека поголем дел од граѓаните сметаат дека идната година и парламентарните и претседателските избори треба да бидат на ист трошок, односно да се оддржат заедно.

Заедно 65,1 %

Посебно 15,6 %

Не знам / Не одговорил – 19,3 %

Дали граѓаните бараат нови лица во политиката. Ставовите се поделени, но расне трендот на понуда на нови лица во политичкиот живот, согласно интересот на јавноста за нив.

Анкетата по нарачка на порталот Вечер.мк ја спроведе ИПИС Скопје, во март 2023 година, на 1114 испитаници пропорционално на старосниот, етнички и полов состав на населението во Македонија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста