Дали и „Цар Борис трети“ ќе ја доживее истата судбина како и „Ванчо Михајлов“?

Дали и „Цар Борис трети“ во Охрид ќе ја доживее истата судбина како и „Ванчо Михајлов“ во Битола? Комисијата за употреба на имињата утре ќе расправа и треба мислењето да го достави до министерот за правда кој го има последниот збор.  Кренар Лога уверува дека ќе постапува согласно законските измени.  

  • Комисијата ќе заседава утре и ќе донесе мислење за името на охридското здружение, по што јас ќе донесам соодветно решение, согласно законот. Процедурата е иста како минатиот пат“ – рече министерот за правда Лога.

Од Централниот регистар се децидни дека ниту од вториот бугарски клуб на 16-ти минатиот месец не биле поднесени соодветните документи за промена на името.

Со ова „Цар Борис трети“ преку законска дупка успеа да поживее некој ден повеќе. Дека од охридскиот клуб немаат искрена намера своето име да го прилагодат на новиот закон за здруженија и фондации, претходно кажа и самата директорка на Централен регистар.

  • За здружението „Цар Борис Трети“ на 10.02.2023 е поднесено барање, каде што бара да се усогласи со новиот Закон за здруженија и фондации и притоа не е наведено ништо во тоа барање, тоа е еден лист хартија. Значи тој лист хартија не ја задоволува законската процедура за поднесување документи“, изјави Бошковска Јанковски на 23-ти февруари годинава.

Околу плановите на бугарскиот културен клуб од Охрид, став баравме да и од првиот човек на „Цар Борис Трети“, Томе Блажевски. Но, наместо став ни кажа дека не сака да комуницира со нашата телевизија и во Србија да правиме муабет за Алфа.

Со отворањето на бугарскиот клуб а уште помалку со неговото име не се усогласија  Охриѓани кои со протести се противеа. Канцеларијата на клубот беше вандализирана во два наврати.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста