Алфа сторија за мизеријата која ја преживуваат Македонците бегалци од Мала Преспа  

Четириесет и осум дена без струја и без капка вода,во крајно мизерни услови и живот недостоен за ниту едно човечко битие-вака во 21 век живеат 15-тина македонци кои во 1991-ва година после падотна системот во Албанија, од Мала Преспа пребегале во Македонија.Од тогаш живеат сместени во некогашното железничко одморалиште “Царина” во Отешево, на северниoт брег на Преспанското езеро.Заборавени од државата овие македонци сега живеат во руинираните и напуштени објекти за кои никој не води грижа.Во некогаш преубавиот комплекс сега се слуша само нивниот лелек, оти им е исклучена струјата наводно за годишен долг од 72.000 евра.Ние сметка за струја никогаш не сме виделе, нити некој ни побарал да платиме, се’ одеше преку Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор,бидејќи трафостаницата во комплексот е нивна-вели низ солзи 75 годишниот Коста Цветкоски.

“Како може ние тука 15-етина души да потрошиме толку струја? Можеме да потрошиме?Едно цело село и град не може да потроши 72.000.Ова вели ако ве фрлиме на суд ние, во затвор ќе одите сите вели.Половина милион евра се потрошени до сега вели.Кој потроши половна милион ? Дури ми се плачи…-вели Коста Цветкоски.

Се обидовме велат да им укажеме дека некој краде струја, но попусто. Немаат нити вода лице да измијат бидејќи нема струја за потопните пумпи да црпат од изворите кои сами ги копале.Наместо стакла,на прозорците има искинати најлони кои самите ги ставале да се заштитат од студот.

 Овие објекти не се за живеење, нема ништо

 Ние сме учени секако и со леб од пченка ни куче не го јади него, а ние го јадевме и пораснавме.Ама овие услови не се за младите ни за нас старите, ама ако има струја ќе имаме малку вода, ќе се искапиш.Зимата стававме најлони по пенџерите да не ни студи толку, здола ставаме ќебиња да не влегува ветарраскажува Енвер Главче.

Градоначникот на општина Ресен, Јован Тозиевски вели дека се обратил до ЕВН со цел да им се постават броила и сами да си ја плаќаат струјата,но ситацијата таму е многу комплицирана вели и најави повеќе детали за утрешниот ден. Од ЕВН кусо велат, трафостаницата не е во наша сопственост,а струјата е исклучена поради неплатен долг.Се обративме и до Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор,не интересираше по кој основ ја превзеле обрската на бегалците да им ги плаќаат сметките за струја ? Дали имаат информација како е направен долгот од 72.000 евра кога луѓето немаат нити електрични уреди? Доколку требало, зошто бегалците од Мала Преспа не биле на време информирани дека од нив се очекува сами да си ги плаќаат сметките? Ветија дека одговор на прашањата ќе ни испратат во текот на утрешниот ден.

Новинар: Росица Голабоска

Снимател: Златко Маневски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста