ПСИХОЛОЗИТЕ БАРААТ ИТНО ДА СЕ РЕАГИРА-МОРА ДА СЕ НАЈДЕ КОРЕНОТ НА АГРЕСИЈАТА КАЈ МЛАДИТЕ

За три дена се случија два маскари во Србија. Трагедиите кои го потресоа Балканот отвориja низа прашања: Дали масовен убиец се раѓа или го создава опкружувањето? Дали треба често или квалитетно да се разговара со децата? Дали е проблем само врсничкото насилство, но што е со насилството кое возрасните го пишуваат на социјалните мрежи и каков пример тие даваат?

Според психолзоите, само темпераментот е вроден, додека пак карактерот се оформува и моделира низ животот и се она што го проживува една личност.

Сериски убиец не може да се роди, секако дека големо влијание има општеството и самиот систем но конкретно кај ова дете се работи за одредена психопаска структура на карактер, а карактерот е нешто што се формира. Ние не се раѓаме со карактер туку можеме да зборуваме за вроден темперамент. Кај ова дете прашање кое што треба да се анализриа и да се истражи подлабоко е да се провери како се создале тие крактерни црти кај него и  што е тоа што го поттикнало да направи таков масакр, објаснува М-р Дора Попова Узуновски – психолог и псохотерапевт

Достапното оружје, можноста да се управува со него и примерот кој го имаат од идолите, без разлика дали е од семејството или од социјланите мрежи е другата страна на сложувалката. И додека српскиот претседател Александар Вучиќ најави разоружување на државата, освен легалното, проблем останува нелегалното оружје.

-За жал како последица на војните во 90те и онаа од 2001 година се уште имаме нелегално одужје кое го поседуваат граѓаните на целиот Балкан. Канада е одма зад нас а кај нив нема такво насилство. Има нешто во културата , во општеството. Треба да се вратиме кон себе си. Комункација со своите деца учење на вистински вредности за тие идолите не ги бараат надвр и на социјланите мрежи каде што гледаме дека и пранешни криминалци им се херои, вели Дејан Стевановиќ – поранешен инспектор за малолетничка деликвенција во Србија

За жал социјалните мрежи се место каде што насилниот говор и промоцијата на насилство не доаѓа само од криминалци, туку и од обичниот граѓанин, нечив родител, чичко, нечива баба или сосед.

-Мораме да кажеме дека социјалните мрежи во моментов станаа еден канал каде што луѓето слободно си кажуваат и ги искажуваат сите чувства  и мисли и често пати не се размислува за тоа што и како се зборува и како се пишува. Во однос на тоа можеме да кажеме дека родителите очекуваат од децата да бидат примерни. Но децата никогаш нема да го слушаат тоа што родителите го зборуваат туку децата ќе го прават и ќе се идентификуваат со тоа што го гледаат . Децата се иднетификуваат со родителите. Нема да биде чудно и во иднина да видиме деца на вакво родители кои што се агресивни на социјалните мрежи исто така да бидат агресивни., заклучува М-р Дора Попова Узуновски – психолог и псохотерапевт

И Узунова и Стевановиќ се согласни, мора да се најде коренот на агресијата, овие трагедии не само да го вклучат црвениот аларам , туку и да го исклучат со решение на проблемот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста