Анализа: Штитот на ДУИ ќе донесе ослободителни или симболични пресуди за Рамиз Мерко

Анализа: Штитот на ДУИ ќе донесе ослободителни или симболични пресуди за Рамиз Мерко

Ако Соедитените Американски држави не го ставеа Рамиз Мерко на црната листа, ништо немаше да го сопре неговиот јавашлук.Процесуирањето на кривичните пријави и тоа сега,во ек на избори е чист политички потег,само да се покаже дека и истакнати членови на ДУИ се достапни за правдата -цени адвокатот Владо Чингоски. За спорната набавка на службеното луксузно возило „Ауди А6“ и незаконското поставување директор на училиштетото во Лабуништа, Рамиз Мерко во еден месец ,два пати ќе седне на обвинителна клупа по речиси една година откако беше ставен на американската црна листа поради корупција и мешање во судски процеси.

Како одличен познавач на приликите нема да ме чуди вели ако Мерко биде ослободен или од судот да замине со симболична или условна казна.

 Овде имавме случај во  што не се поставуваше воопшто по поднесените кривични пријави.САД да не го ставеа на црна листа мислам дека повторно кривичните пријави ќе беа во фиока во обвинителството и немаше да се процесуираат,но го ставија на црна листа и сега за да покажеме ние дека можеме да бидеме правна држава одма го процесуираме тие кривични пријави”-вели Владо Чингоски,адвокат

Еуфоричното славењето на Мерко во Струга по првиот круг од претседателските избори само потврдува дека матичната ДУИ не само што не го пушти по вода,туку никогаш не се огради нити побара одговорност за кривичните дела.Ставањето на црна листа го голтнаа,бидејќи ако не беше Мерко, ќе беше друг функционер од интегративците.

 Мерко толку лежерно го прифати сето тоа, ДУИ ако мислеше дека треба да се огради од него и да биде со нашиот стратешки партнер во корелација, требаше да побара од него оставка.Но тие нити побараа оставка, ниту одговорност.Кривичната одговорност судот ќе ја утврдува, меѓутоа политичка одговорност тие воопшто не побараа што дава идникации дека ќе се заврши лесно сето тоа, ако нешто системски не се промени во правосудствтото или целокупно во нашата држава”-цени Чингоски.

 Ова е четврт градоначалнички мандат на Мерко, во претходните три против него беа поднесени 14 кривични пријави,но само еден предмет е процесуиран во струшкиот Основен суд . Од Ојо не откириваат дали има и друго кривични пријани против Мерко.Соопштуваат дека со цел заштита на тајноста на постапките, Јавното обвинителство не е во можност да обелоденува информации за поднесени пријави по кои се уште се вршат проверки на наводите во предистражна постапка.

Росица Голабоска 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста