Мерко никако да влезе во судница

Мерко никако да влезе во судница

Уште не почнат,се одложи судскиот процес против Рамиз Мерко кој одговара за спорната набавка на службеното луксузно возило „Ауди А6“.Во судницата не се појави нити Мерко, нити неговиот бранител Игор Петковски.Затекната, судијката која со него телефонски стапи во контакт праша, дали ова треба да го третира како намерно одлагање,затоа што како што самата рече им излегла во пресрет на сите нивни барања .Петковски на кој му бил увозможен увид во списите содржани во 27 фајлови,не дошол бидејќи имал друго судење ,но тоа вели не е единствената причина.

 Бидејќи немаме докази побаравме одлагање со оглед дека се работи за обемен доказен матерјал”-вели Игор Петковски,адвокат на Мерко

Според обвинителниот акт ,Мерко се терети за злоупотреба на службената положба при набавката на автомобилот ауди.

 Ние ќе ја докажуваме нашата теорија на случај, одбраната нивната,така да на крај судот е тој што ќе одлучи што навистина се случило,ние сметаме дека има дело –вели Никола Јолевски-јавен обвинител од ОЈО Струга

Во обвинението меѓудругото стои дека во 2018-та година,без претходно одобрување на годишниот план за јавни набавки од страна на општинскиот совет, во услови кога општината имала долгови и блокирана жиро-сметка, за сума од 67.000 евра, Мерко купи автомобил Ауди А6 и 4-ри шкоди во вкупна вредност од 114.000 евра.  

Главното рочиште за овој судски процес се одложи за 3 јуни,во меѓувреме, на 22-ри мај Мерко ќе седне на обвинителна клупа за друго дело.Ќе одговара за несовесно работење и прекршување на законот затоа што поставил несоодветен в.д. директор на училиштетото во Лабуништа.Според обвинението наместо да именува вршител на должност од редот на вработените, поставил директорка која немала соодветно работно искуство во воспитно-образовна работа. 

Рамиз Мерко ќе седне на обвинителна клупа по речиси една година откако беше ставен на американската црна листа поради корупција и мешање во судски процеси.

Новинар Росица Голабоска 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )