Втор ден расправа за законите поврзани со изградбата на кориродите 8 и 10 д

Расправата за  законите кои на брза лента се туркаат во Собранието за изградбата на коридорите 8 и 10 д ќе продолжи идната недела.  Опозицијата обвинува дека не може да има суштинска дебата пред да го видат договорот потпишан со Бехтел и Енка, власта пак тактизира дека ВМРО- ДПМНЕ не дозволувале суштинска дебата

Дали работната недела за работниците на коридорите ќе трае 60 часа и ќе работат во недела, же продолжи да се дебатира по Велигден.  Опозицијата предупредува дека власта ретерира и сепак се обврзани за исплата на пенали доколку не се изгласаат измените . За законот кој го крена алармот на максимум кај работниците поднесени се над 1000 амандмани.

ВМРО – ДПМНЕ не прави блокада. Имаме два суштински амандмани, едниот да се поништи 60 часа работна недела, а другиот, да се укине ексклузивата на министерката за труд и социјална. Кратко и јасно е. Ама не гледам дека кај вас има совест и морал. Одете, шетајте со своите црвени елеци, немојте да се повикувате на етички кодекс, ниту на гласачи, ниту на граѓани – рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска.

Паралелно со ова започна комисијата за предлог измените за законот за минерални суровини кој е еден од осумте закони. Опозицијата и за овој предлог стои на барањето да го види договорот а , затоа што на овој начин не би знаеле за што гласаат, а пак од СДСМ уверуваат дека Законот немал ништо ново освен поместување на дел од роковите за користење материјални добра.

Ако немаме увид во спогодбата, пред нас се отвораат многу прашања, кои може да се толкуваат на овој или оној начин. Тоа што вие го предлагате, во суштина е суспендирање на досегашните закони, без почитување на досегашната законска пракса – рече Здравко Трајанов од ВМРО-ДПМНЕ.

Се работи за рокови, не се работи за нови Закони, се работи за стартување на оние одредби, за проектот да се реализира побрзо – рече Диме Велковски од СДСМ.

Предлагачот на овој закон пак , Арбер Адеми го повтори она што цело време го слушаме – дека проектот е историски а опозицијата била против патиштата.

Ако продолжите да правите вака на секоја Комисија, јас јавно ќе кажам, пратениците се против коридорите 8 и 10д – рече Адеми.

Собранието по скратена постапка работи за донесување на осум законски решенија по теркот на Бехтел и Енка. Доколку бидат изгласани сите предлози, работниците на коридорите ќе работат 60 часа и плус во недела, Бехтел и Енка пак ќе биде ослободена од давачки кон државата .

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста