Имаме политичари без визија за Македонија, но и општество поделено по многу основи

Вечерва во емисијата „За или против“, беа отецот Ивица Тодоров и битолскиот муфтија, Плуми Велиу. Дали Македонија е секуларна држава, дали и колку политиката се меша во религијата и каде исчезнаа семејните вредности – ова се само дел од прашањата на кои дебатираа вечерашните гости. Се испратија и пораки за тоа дека политиката ја водат луѓе кои не се компетенти, кои немаат визија за Македонија, но и за фактот дека македонското општество е поделено по многу основи.

„Политиката ја водат луѓе кои не се компетентни, кои немаат визија за Макеоднија, да не говорам за нивниот морален или духовен капацитет. Да не говорам за нивната корумпираност која доаѓа до самата срж од нивните коски. Кога имаме вакви марионети, од ваков калибар, единственото нешто за што тие постојат, е тоа да бидат корумпирани“ – вели отец Ивица.

„Или заедно ќе растеме или заедно ќе пропаѓаме. За сето ова сами сме криви зошто уште од 1990 година, наместо да поставиме темел на сигурна држава, граѓанска држава, која ќе оди напред, да го заземе своето место во прогресивниот дел, ние уште не распадната Југославија почнавме да се делиме на Албанци, Македонци, Турци, Роми, Христијани, Муслимани“ – муфтија Плуми Велиу.  

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста