Жителите од утре до петок излегуваат на протест, се жалат дека „Пејпер мил“ повторно ги труе

Зголемувањето на цената на метанот повторно го загорчи животот на кочанчанци. Чадот со неподнослив мирис што излегува од фабричкиот оџак на Пејпер Мил гo вклучи алармот, па тие од утре  до петок, од 16 до 18часот, ќе протестираат пред фабричката капија. Граѓаните самоиницијативно се организираат на социјалните мрежи, а поддршка ќе добијат и од локалните еко-активисти. Подолго време животот во Кочани е неподнослив велат жителите, кои поради густиот чад не можат ниту да излезат, ниту пак да отворат прозорец.  

Во вечерните часови, посебно сабота и недела е неподносливо. Страшна работа!Ни врати,ни прозорци можеме да отвориме. Ние сме малку подалеку, а што да речат овие луѓе што живеат во зградите. Не е добро! Дури и алиштата откако ќе се исперат пак мириса.Се жалат луѓето. Некој вели дека имало, не стално ама често специфичен мирис. Дали е од оџакот или од друго нешто не знам. Сега гледам дека не чуре, но некој пат многу чуре„- велат жителите на Кочани.

Фабриката за цеулоза во Кочани неколку пати беше во фокусот на инспекторите од Државниот инспекторат за животна средина. Пред година дена мерењата покажаа дека фабриката испушта прашина и јаглероден моноксид над дозволените граници. Им беше изречена казна од 20.000евра, а беа задолжени да го сменат горивото од пелети на метан. Филтри се поставија, но граѓаните тврдат дека работите не се сменети.

  „Јас сум гледал по Германија и Италија и таму има фабрики во населени места. И таму има дим, ама не е ваков. Овде многу смрди.  децата  постојна се со кашлање , а освен децата и ние. Се чувствува дека не е добро„- велат анкетираните кочанчанци.

Ваквите тврдења од Пејпер Мил ги демантираат. Објаснуваат дека фабриката работи со ист интензитет без разлика дали е викенд или ноќна смена. Поради високата цена на метанот биле приморани да се префрлат на пелети од сончоглед, правени по европски стандарди. Посочуваат дека и со последниот инспекциски надзор направен пред месец дена е утврдено  дека испуштањето на ПМ честичките е во граници на дозволеното.

Граѓаните не отстапуваат од своите барања. Како што велат нивна цел не е да се затвори фабриката, туку таа да работи на метан. Поголем протест со блокади на патиштата најавија за наредниот месец.

Алексадра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста