Антикорупциска бара кривично да се гонат екс-градоначалникот на Гази Баба и актуелниот на Студеничани

Антокорупциска комисија поднесува иницијатива до Обвинителството, кривично да се гонат екс градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски и актуелниот на Струденичани, Азем Садики.  Антикорупционерите тврдат дека Борис Георгивски како прв човек на Гази Баба, работел недомаќински и трошел средства од буџетот бидејќи дозволил да се издигне дивоградба која во 2019 година започнала со работа како салон за автомобили.

По направената целосна проверка, градбата е изведена без одобрение за градба, градоначалникот постапил спротивно на Законот за локална самоуправа, што претставува прекршување на Закон и злоупотреба на службената должност и овластување. Оваа пракса покажува дека овластените општински инспектори, како што се поставени под капа на градоначалникот, тој одлучува за нивните права и обврски изјави Бајрами, член на ДКСК.

Од друга страна, актуелниот градоначалник на Студеничани, Садики и членовите на Советот си исплатиле 908 илјади за прусуство на седници кои воопшто не се одржале велат од Антикорупциска. Дополнително, Државниот завод за ревизија немал обезбедено документација за средства исплаќани за поправки на автомобили и, одржување улици и слично од општината без соодветна поткрепа. 

Ревизорите не издале мислење, затоа што во 2020 година на сметката на Општина Студеничани биле исплатени средства во вкупен износ од 2,4 милиони денари без соодветна поткрепувачка документација, а вклучуваат поправки и тековно одржување на улици и патишта во износ од 1,9 милиони денари на двајца добавувачи по фактури, а нема прилог дека работите се извршени и одобрени. За поправка на возила се исплатени 205 илјади денари, за што нема работен налог… рече Билјана Ивановска.

Начинот на кој работел Садики бил спротивен на законите велат антикорупционерите, бидејќи не доставил соодветни документи за промената на финансискатав состојба. Антикорупцијата комисија од сега ќе ги обработува извештаите на ревизорите и ќе пријавува во Обвинителството за кривична одговорност за функционери кои ги кршеле своите овластувања.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста