Земале па препродаваат: Ваучерите за летување дома – ревносен бизнис за граѓаните што ги добија

Ваучерите за туризам-  вносен бизнис, на социјалните мрежи и специјализирани портали за огласување отворено со име и призиме одредени лица се пазарат, нудат и продаваат ваучери дури и за тројно повисоки суми.

  • Продавам ваучер за туризам,цена во инбокс.Имам две,цена за двата 9.000 денари.Еден имам ти пишав во инбокс.Мафија чичо.

Од пазараниот инспекторат велат дека до сега само кај еден хотел затекнале 11 ваучери, кои се однесувале за 8 соби,но во тек е постапка и за уште два други каде било утрдена злоупотреба на уредбата за користење на ваучери.

  • Тоа што на разни платформи се продаваат ваучери, треба да се утврди на лице место дали тој ваучер е искористен од лицето на кое му е одобрен.Во овој момент ако најдеме ваучери како што кажувате, како што сте читале, тогаш ќе превземе мерки како за овој случај што ви кажав и се превземени.Исто така има угостителски објекти од мал обем кој што се под наделженост на инспекторите по туризам при Општина Охрид вели Цветко Ристески –пазарен инспоекторат. 

Се работи за сложена и обемна прцедура,вели Ристески, во прашање се 117.359 ваучери и 455 угостителски објекти кои треба да се исконтролираат. Од турстичките агенции велат дека злоупотреби со ваучерите нема да имаше,доколку беа вклучени и тие.

  • Многу поедноставно можеа да го решат проблемот со ваучетите со туристичките агенци и тур операторите,бидејќи на овај начин на кој што беа ваучерите предвидени да се користат, тур операторите и туристичките агенции беа исклучени.Да се ставеше ваучерот да биде користен исклучиво преку туристички агеции и тур оператори кои што се лиценцирани, а понатака туристичките агенции да прават резервации и да соработуваат со хотелите и приватните станоиздавачи- вели Јаким Маленко-Т.А.” Виспој”.

Добро упатени извори кажуваат дека ваучерите се злоупотребуваат претежно во приватното сместување, каде не се проверува на чие име е ваучерот и кој го користи.Некои пак одлучно се снашле како да летуваат на ривиерата.

  • Ваучер му дава за двајца а тие се фактички 6 души,двајца спијат во хотелот а 4-ца долу имам и слики од тоа објавено, 4-ца долу по тревата спијат вели Здравко Чорбе.

Родителите спијат во хотел, а децата навечер бројат ѕвезди на отворено-дење, ги користат благодетите на хотеските капацитети, од одржување на лична хигена, па се до луксузен оброк и полна трпеза.

Росица Голабоска