Средба Мицкоски-Ахмети: Се трасира пат за нова Влада?!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоцски попладнево се сретна со лидерот на ДУИ Али Ахмети. Партиски извори брифираат дека средбата траела повеќе од еден час, а темата била создавање на нова Влада.

Средбата се случува откако Димитар Апасиев, лидерот на Левица, јавно соопшти дека двата пратеници од таа партија ќе ги подржат ВМРО-ДПМНЕ за состав на нова Влада иако нема да бараат учество во неа.

Доколку Мицкоски обезбеди поддршка од Левица и од ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги има неопходните 61 пратеници со нивната поддршка, доволно за мандат и за нова Влада.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста